Убавините на вежбањето

Човековото тело е совршена машина на која треба да и обрнуваме големо внимание. Но, со малку вложен труд грижата за истото е едноставна и секако дека претставува задоволство на секој од нас.

ubavinite-na-vezbanjeto-07.jpg

Брзиот начин на живот не ни дозволува многу слободно време, губиме осет за тоа како се храниме и не вежбаме доволно. Доколку ги смениме горенаведените навики и решиме да одвоиме еден час во денот за истите, промената која ќе ја видиме и почуствуваме во нашето тело е незаменлива.

Многу е важно секој ден да бидеме физички активни, за да го исполниме ова не е морално да посетуваме теретани. Доволно е дневните навики да ги замениме, како лесен и едноставен чекор за тоа е следниов: доволно е да го оставиме автомобилот и да пешачиме во текот на денот, лифтот да го замениме со скалите, ова се мали трикови кои се добредојдени во нашето секојдневие. Со овој мал чекор ние правиме голема промена и во нашето здравје, согоруваме повеќе калории, се ослободуваме од стресот, внесуваме повеќе енергија во нашето тело.

Денес изборот за било каква физичка активност е голем. Се нудат многу програми за вежбање, како доста интересни може да ги издвоиме пилатес вежбите.

ubavinite-na-vezbanjeto-02.jpg

Пилатесот е физичка кондиција и програма која е развиена во почетокот на 20 век. Овие вежби се презентираат како уметност со прецизни движење, за која е потребна голема контрола. Доколку се практикува секојдневно ние ја подобруваме флексибилноста во нашето тело, издржливоста, координацијата и рамнотежата во истото.

За подобар резултат додека вежбаме треба да се држиме до принципите кои се од битно значење за пилатесот. Тоа се: концентрација, контрола, центарот на нашето тело, движењата, прецизност и дишењето.

Оваа програма бара интензивна концентрација, треба да бидеме свесни за она што го правиме, концентрирани на нашето тело и беспрекорните движења.

Контролата е битна за нашата мускулна маса, со помош на истата ние ги движиме мускулите и им даваме насоки како да работат против гравитацијата, со  тоа се дава голем отпор и движењето е несекојдневно за нашето тело. На овој начин учиме како да имаме целосна контрола врз нашето тело.

ubavinite-na-vezbanjeto-03.jpg

Центарот на нашето тело има клучна точка во пилатес вежбите. Додека ги применуваме често ќе слушнеме од нашите инструктори како ни велат да го најдеме центарот на нашите мускули. Тие го опфаќаат пределот на стомакот, долниот и горниот дел од грбот, колковите, задникот и препоните. Кои нас ни даваат голема стабилност во оваа програма.

Движењата не секогаш се лесни и едноставни, создавајќи проток преку употреба на истите ние правиме поголема издржливост за време на вежбањето.

Прецизноста е од суштинско значење, се концентрираме на правилните движења секој пат кога вежбаме. Фокусот и теоријата е : подобро едно прецизно и точно движење, отколку низа од погрешни потези.

ubavinite-na-vezbanjeto-06.jpg

Дишењето има голема улога, доколку ги посетуваме овие вежби ќе приметиме како инструкторите не учат правилно да дишеме и со тоа помалку да се заморуваме. Со правилно дишење ние внесуваме повеќе кислород и имаме подобра циркулација во целото тело. Правилното вдишување и издишување за време на овие вежби ги имаат препорачано и многу лекари. Преку овој начин ние учиме да дишеме правилно и со тоа се донесува хармонија во нашето тело.

Пилатесот се препорачува и во медицината. Со применување на истиот ние се ослободуваме од болката во вратот, грбот, главоболката, па дури и стомачните болки, овие заболувања може да се добијат и со лошо држење на телото. Со помош на овие вежби држењето на нашето тело полека но сигурно го доведуваме до перфекција. Преку редовната примена на овие вежби ние го подобруваме нашиот сон, тие делуваат смирувачки на нас и не ослободуваат од секојдневниот стрес и напнатост.

ubavinite-na-vezbanjeto-05.jpg

Како следбеник на овој светски тренд е и нашето општество и градот во кој живееме. Сега е лесно да се одлучиме на ваков чекор, да превземеме чекор и да почнеме да вежбаме пилатес. Многу избор и установи кои ја практикуваат оваа програма има и на разни интернет портали. Како добро познат помеѓу нив е и сајтот kupinapopust, на кој може да се информираме и да одбереме некоја од понудите на попуст за пилатес вежбите.

Со овие вежби ние го подобруваме секојдневниот живот, му даваме подобар изглед и подобро здравје на нашето тело и ум.

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg