Вежбајте дома и без опрема: Тренингот на Карли Клос за затегнати нозе, задник и стомачни
Ако сте една од жените кои внимателно го следеа шоуто на Викторијас Сикрет минатиот месец, сигурно забележавте дека Карли Клос никогаш не изгледала посовршено и позатегнато.
Сега имате можност да го следите нејзиниот тренинг и да си ја дотерате линијата во домашни услови, без никаква дополнителна опрема.
Вежби за затегнати нозе
Започнете во позиција со подвиткани нозе кај колениците. Направете 10 до 20 вежби, колку што можете, а потоа сменете ја страната.
Втората вежба е варијација на првата за зацврстување на бутовите. Започнете со 10 вежби, но со текот на времето може да правите и по 30, кога ќе бидете добро подготвени и во форма. Потоа, сменете ја страната.
Навалете го телото нанапред и лизнете ја едната нога наназад. Повторувајте го секое движење 5 до 20 пати, а потоа променете ја страната.
Не ги заборавајте единечните чучнувања. Направете 8 до 10 за загревање, а потоа може да практикувате по 20 со едната нога и 20 со другата.
Завршете со стандардни чучнувања кои ќе ги направите 10 до 20 пати, зависно од тоа колку може да издржите.
Вежби за стегнат задник
Започнете така што ќе се потпрете на колениците и дланките, а потоа започнете ги овие 5 вежби со ред.
Повторувајте ги 10 до 20 пати, зависно од тоа колкава е вашата издржливост.
Вежби за совршени стомачни мускули
Почетната позиција е иста како кај вежбите за затегнат задник, со таа разлика што вежбите за стомачни се повеќе предизвикувачки.
Потребно ви е едно шише вода кое ќе ви послужи како тег.
За загревање направете по 5 повторувања со секоја страна, а потоа зголемете го бројот до 15 пати.