Овие вежби се најефикасно решение за болките во вратот
Оние кои половина ден поминуваат пред компјутер во една положба знаат колку непријатни може да бидат болките во вратот.
За да се ослободите од нив потребни ви се само овие фото-инструкции.
За почеток треба да застанете или седнете исправено, да ги раширите рацете во рамна линија. Едната треба да биде свртена кон земјата, другата кон плафонот.
Ротирајте и раздвижете го целиот појас околу рамениците, а главата треба постојано да се движи заедно со раката која ви е свртена нагоре.
Втората вежба која може да ја испробате е во истата положба, со тоа што рацете се свиткани кај лактите под агол од 90 степени.
Сега одвојте ја едната рака и движете ја додека не ја донесете во рамна линија со рамото. Главата нека се движи заедно со неа.
Повторете ја постапката со двете раце повеќе пати.