4 вежби за затегнати раце со тегови - Можете да ги правите и дома

Четири вежби кои може да ги правите и во вашата дневна соба, а ќе ви помогнат да ги зајакнете мускулите на рацете.

4-vezbi-za-zategnati-race-so-tegovi-mozete-da-gi-pravite-i-doma-01.jpg

Иако се чини дека луѓето се свесни колку е важно да се има силни раце, ситуацијата е обратна.

Со стареењето вежбаме сѐ поретко и се помируваме со фактот дека рацете ни ослабуваат.

Слабите раце влијаат на многу здравствените проблеми и ја ограничуваат нашата способност за извршување секојдневни активности.

Дел од ризиците од недоволно цврсти раце:

  • Лошо држење
  • Намалена активност
  • Зголемен ризик од повреди
  • Намалена густина на коските

Во продолжение ви претставуваме неколку вежби за зајакнување на рацете, со мали тегови, кои може да ги направите дома.

Од овие вежби потребно да е направите 3 серии по 12 до 15 пати.

Прва вежба

Оваа вежба треба да ја направите легнати на подот.

Земете ги теговите и кренете ги рацете над главата.

Лесно спуштајте ги теговите сѐ додека со надлактиците не го допрете подот.

Лактите не треба да ги допирате до телото.

4-vezbi-za-zategnati-race-so-tegovi-mozete-da-gi-pravite-i-doma-02.jpg

Втора вежба

Фатете ги добро теговите, со дланките свртени нанадвор.

Застанете исправено, со нозете во ширина на колковите.

Виткајте ги лактите без мрдање на надлактиците, односно кревајте ги теговите нагоре, кон рамената.

Полека спуштете ги теговите во почетна положба.

4-vezbi-za-zategnati-race-so-tegovi-mozete-da-gi-pravite-i-doma-03.jpg

Трета вежба

Свиткајте ја малку половината, така што торзото ќе ви биде речиси паралелно со подот и малку свиткајте ги колената.

Држете ги главата, вратот и 'рбетот во една линија.

Фатете ги теговите во рацете, свиткајте ги лактите и поставете ги надлактиците паралелно со подот (како на фотографијата).

Потоа испружете ги рацете кон назад, па вратете се во почетната положба.

4-vezbi-za-zategnati-race-so-tegovi-mozete-da-gi-pravite-i-doma-04.jpg

Четврта вежба

Оваа вежба се изведува во стоечка положба.

Стапалата нека ви бидат во иста линија со рамената, а рацете нека ви стојат во природна положба покрај телото.

Кренете го едниот тег до рамото, па варете ја раката во почетната положба и повторете со другата рака.

4-vezbi-za-zategnati-race-so-tegovi-mozete-da-gi-pravite-i-doma-05.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg