- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Вежба од 12 секунди за задник како на Ева Мендес
Секси фигурата на Ева Мендес не се постигнува преку ноќ, но една едноставна вежба може многу да ви ги олесни работите.
Тренерот на познатите личности, помеѓу кои е и Ева, тврди дека женствената фигура ја одржува благодарение на оваа вежба од 12 секунди.
За да го изведете ротирачкиот исчекор потребен ви е висок степер или можете да се послужите со стабилни скалила.
Основата на оваа вежба е малку покомплексна отколку што изгледа, затоа што освен нозете, го движите и остатокот од телото. Така активирате огромна група на мускули, но сконцентрирани сте на оние на задникот и бутовите.
Вежбите вметнете ги во вашиот секојдневен тренинг и повторувајте ги по 15 пати за секоја страна.