10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео)
Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до рамен стомак...
Не сакате да вежбате, ама не можете ни да си го „поднесете“ стомакот кој е мек, надуен и се зголемува од ден на ден?
Со малку волја и упорност, за кратко време можете да дојдете до посакуваните резултати, односно да имате рамен стомак.
Овие неколку вежби се едноставни, нема да се заморувате многу и што е најважно - нема да ви одземат повеќе од 10 минути во текот на денот.
Секоја вежба правете ја 45 секунди, а потоа направете пауза од 15 секунди пред да почнете со следната вежба.
Зошто да не пробате?
Вежба 1
Легнете на под, свиткајте ги нозете во колената и стапалата поставете ги цврсто на подот.
Ставете ги рацете под вратот и потоа кревајте го торзото колку што можете погоре, па вратете се во првобитната положба.
Вежба 2
Додека лежите, рацете ставете ги покрај колковите, нозете кренете ги во вис, па испружете ги прстите од стапалата нанапред.
Наизменично кревајте ја едната нога, а спуштајте ја другата, без притоа да го допрете подот.
За цело време прстите на стапалата нека ви бидат испружени нанапред.
Вежба 3
Дланките ставете ги на подот, кренете го торзото и вежбајте со нозете - левата нога ставете ја напред до градите, а потоа и десната.
Потоа десната нога вратете ја во првобитна положба, па во првобитна положба вратете ја и левата нога.
Целата вежба треба да изгледа како да се качувате на степер.
Вежба 4
Легнете на грб, па исправете го торзото, така што целата тежина на телото ќе ви биде на задникот, а ќе се потпирате на рацете (од лактите до дланките).
Кренете ги нозете нагоре (со исправени прсти), па соберете ги во колената.
Повторно испружете ги и повторувајте ја вежбата 45 секунди.
Вежба 5
Легнете на грб и раширете ги рацете на страна. Нозете нека бидат кренати, малку свиткани кај колената.
Додека сте во таа положба, почнете да го кревате торзото нагоре, а со дланките да ги допирате нозете.
Како што ќе почнете да се спуштате, раширете ги рацете за да се вратите во првобитната состојба.