Пилатес вежби за почетници што ќе ви го обликуваат телото (како цел живот да вежбате)
Ако поради која било причина не ви се оди во теретана, пилатес вежбите се одличен начин да ги активирате сите мускули.
Пилатес вежбите се одлични ако сакате да го обликувате телото. Има вежби за кои не ви треба апсолутни никаква опрема, освен простирка за вежбање.
Осум пилатес вежби идеални за почетници:
Вежба 1
Легнете на грб, испружете ги рацете над главата и кренете ги нозете исправено под агол од 45 степени.
Додека издишувате, користејќи ги стомачните мускули, кренете го горниот дел од телото и придвижете ги рацете кон нозете.
Додека вдишувате вратете се во почетната положба и направете 15 повторувања.
Вежба 2
Легнете на грб, кренете ги нозете како претходната вежба и поставете ги рацете покрај телото.
Подигнете ја главата.
Без да ги виткате лактите, движете ги рацете горе-долу. Направете 5 движења со вдишување и 5 со издишување.
Направет што е можно повеќе повторувања.
Вежба 3
Легнете на грб со исправени нозе и раце поставени покрај телото.
Кренете ја едната нога под агол од 45 степени и без да го виткате коленото, почнете да правите кружни движења во насока на стрелките на часовникот.
Направете 15 повторувања, па направете ја вежбата со другата нога.
Вежба 4
Легнете на стомак и раширете ги нозете колку колковите.
Поставете ги дланките на подот под рамената.
Додека издишувате, користејќи ги грбните мускули кренете го горниот дел од телото.
Кренете ги и дланките од подот, така што ќе ги користите само мускулите на грбот.
Држете неколку секунди, па со издишување вратете се во почетната положба.
Направете 10 повторувања.