Што е „канцелариски задник“ и какви други проблеми со здравјето може да предизвика?
Знаете ли дека од прекумерно седење мускулите на задникот може целосно да заборават да функционираат, а заради тоа да се соочувате со болки во грбот, во колковите и колената? Што треба да направите за да ја спречите оваа појава?
Според нутриционистката и тренинг инструкторот Анабел Смит, работата во канцеларија може да придонесе да добиете „канцелариски задник“, особено ако повеќе од 9 часа не станувате од столче и постојано сте пред компјутер.
Негативната страна, според неа, е тоа што кога сте на вакво работно место, многу веројатно е задникот да ви стане сплескан и да ја загуби природната форма.
Ваквата појава често со потсмев се нарекува „канцелариски задник“ и воопшто не е во согласност со модерните облини што се промовираат, благодарение на Кардашијанс.
„Ваквата форма на задник често се јавува како последица од недоволно движење.
Но, ова не се јавува затоа што делот од телото се сплескува или се израмнува од премногу седење, туку заради тоа што мускулите во задникот ослабуваат заради недостатокот на движење“ – вели таа.
Според Анабел ова може да доведе до посериозни последици по здравјето и да предизвика т.н. „амнезија на глутеус“, односно состојба во која мускулите на задникот целосно ја забораваат својата цел.
Односно тоа подразбира, мускулите да престанат да го држат правилно пределот околу стомакот и правилно да го држат телото, а ваквото неправилно држење на телото понатаму предизвикува болка во колковите, половината и колената.
„Заради комбинацијата од неактивен живот по работното време, недостатокот на вежби за мускулите на задникот и лошата исхрана, дури и најубавиот задник може да стане сплескан и неподвижен“ – вели таа.
За да се спречи ваквата појава, таа им препорачува на оние што работат во канцеларија да практикуваат вежби за истегнување на задникот постојано (чучнувања, пленкови и сл.).
Исто така, слободното време искористете го за пешачење и движење.
На работното место практикувајте на секој час да станувате барем на 2 минути и да станете да се прошетате низ просторијата.
Исто така, внимавајте повеќе на исхраната. Консумирајте храна богата со витамини и протеини и избегнувајте нездрава храна.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com