Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото)

Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека болката во ‘рбетот (но и во вратот) исчезнала, а вашето тело е поисправено од претходно.

samo-edna-vezhba-za-da-ja-namalite-bolkata-vo-rbetot-i-da-imate-podobro-drzhenje-na-teloto--01.jpg

Кога бевте мали сигурно ве нервираа коментарите да седите исправено, дека ќе се згрбавите или „свиткате како кифла“.

Но, денес сфаќате дека вашите родители, баби, па и наставниците биле во право.

Ако држењето на телото ви е искривено, можно е да чувствувате и болка во ‘рбетот.

За среќа, постои едноставна вежба, за која не ви требаат реквизити, туку само малку време и упорност, а со која ќе ја намалите болката, но ќе си го подобрите и држењето на телото.

Со оваа вежба ќе ги зајакнете и мускулите на грбот.

samo-edna-vezhba-za-da-ja-namalite-bolkata-vo-rbetot-i-da-imate-podobro-drzhenje-na-teloto-02.jpg

Како се прави?

Легнете на стомак, со лицето надолу кон подот. Полека кревајте го торзото нагоре колку што можете.

Рацете нека ви стојат покрај колковите.

Во оваа положба задржете се колку што можете подолго, бидејќи на овој начин се активираат најголем број мускули на грбот.

Кога ќе почувствувате напнатост, спуштете го торзото на подот.

Повторете ја вежбата 10 пати.

Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека болката во ‘рбетот (но и во вратот) исчезнала, а вашето тело е поисправено од претходно.

Важно: Секоја недела зголемувајте го бројот на повторувања за 5, па втората недела правете по 15 повторувања на вежбата, третата недела 20 и сè така додека не дојдете до 50 повторувања на ден.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
Вежби за рамни стапала – ја намалуваат и болката Рамните стапала се релативно честа појава и можат да предизвикаат болка, па преп...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg