Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област?
Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други фактори, а овие вежби ќе ви помогнат да се ослободите од нив.
Стомакот, нозете, но и рацете се делови од телото каде што лесно се акумулираат масни наслаги, особено кај жените.
Покрај очигледната причина – вишок килограми – постојат и други фактори кои можат да предизвикаат акумулирање на масни наслаги во оваа област.
Зошто се појавуваат масни наслаги на рацете?
Недоволен внес на протеини
Протеините прават да се чувствуваме сити, а притоа му помагаат на телото да согорува повеќе масти и калории, но и се клучни за создавањето мускулна маса.
Недоволниот внес на протеини може да предизвика акумулирање на масни наслаги во областа на рацете, посебно кај повозрасните луѓе.
Хормонални промени
Хормоналните промени предизвикуваат цела низа симптоми, особено кај жените.
Ако забележите дека ви се зголемува телесната тежина и на телото ви се акумулираат повеќе масти, а притоа не сте направиле промени во исхраната и активноста, можно е да станува збор за хормонални промени.
Несоодветни вежби
Ако сте со генерално добро здравје и сте физички активни, но сепак имате масни наслаги на рацете, тогаш можеби правите несоодветни вежби.
Кога вежбате, важно е да ги активирате сите мускули. Ако вежбате и ги прескокнувате рацете, ќе ослабите, но нема да ги дефинирате рацете.
На следната страница, пет вежби кои ќе ви помогнат да ги тонирате рацете...
Би можело да ве интересира:





