Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област?
Прва вежба
Застанете со нозете раширени колку колковите и фатете по еден тег во рацете. Свиткајте ги колената и навалете се кон напред.
Со теговите, придвижете ги рацете кон назад, со дланките свртени кон таванот.
Вратете ги рацете до вас, па повторете 10 до 15 пати.
Втора вежба
Ако немате клупа за вежбање, можете да употребите и стол. Важно е столот да биде потпрен на ѕид, за да не ви се придвижи додека вежбате.
Свртете се со грбот кон столот и ставете ги дланките на него. Испружете ги нозете пред вас со свиткани колена, држејќи се за столот.
Полека спуштете се, држејќи се за столот, па кренете се. Направете 10 до 15 повторувања.
Трета вежба
Оваа вежба е всушност склекови, но важна е положбата на дланките.
Застанете во положба за склекови, а дланките поставете ги на подот како на илустрацијата подолу.
Направете 10 до 15 повторувања.
Ако вежбата ви е тешка, можете да ги свиткате колената и да се држите на нив, наместо на стапалата.
Четврта вежба
Застанете исправено и земете по еден тег во рацете. Направете чекор напред со едната нога.
Држејќи ги теговите, почнете да боксирате. Направете 10 до 15 повторувања со секоја рака.
Петта вежба
Застанете исправено со по еден тег во рацете.
Кренете ги рацете исправени во линија на рамената, со дланките свртени надолу.
Почнете да правите кружни движења со рацете, без да го движите телото.
Направете 10 повторувања кон напред и 10 кон назад.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





