Маж со вештачко дишење реанимира морска желка во Грција – акцијата за спасување траела со часови (видео)
Со часови траела операцијата за спасување на морска желка на островот Родос во Грција, а откако таа била извадена од рибарската мрежа во која се заплеткала, нуркачот морал да ѝ даде вештачко дишење.
Цели четири часа нуркачот Џорџ Макрило на плажата Gennadi на островот Родос се трудел да ја спаси морската желка што се заплеткала во рибарска мрежа на дното на морето, а фотографијата на која тој ѝ дава вештачко дишење стана хит на социјалните мрежи.
Ставорс Акурис на својот Фејбук профил сподели повеќе видеа и фотографии од спасувањето на морската желка, која подоцна повторно била вратена во морето.
„Морската желка беше најдена заплеткана во рибарска мрежа на дното на морето на плажата Gennadios, па го викнавме искусниот нуркач Џорџ Макрилос и започнавме спасувачка операција.
Тој прво се нурна во морето и ги пресече јажињата, по што ја извади желката на брегот и ѝ даде вештачко дишење“ – појасни Акурис во описот над видеата и им се заблагодари на присутните на плажата за брзата реакција и за тоа што веднаш ги повикале, а со тоа помогнале да се спаси животот на морското животно.
Инаку, морските желки се едни од морските животни што може да се забележат на грчкото крајбрежје. Најчесто се наоѓаат покрај брегот во периодот од мај до јуни кога доаѓаат за да положат јајца во песокот.
Овие животни се познати по својата долговечност и вообичаено живеат околу 50-тина години.
Прочитајте и Големи ајкули, делфини и китови – Какви животни живеат во морињата во Грција и каде можете да ги забележите?
Погледнете уште неколку видеа и фотографии во продолжение:
Posted by Ακκουρης Σταύρος on Friday, July 22, 2022
Posted by Ακκουρης Σταύρος on Friday, July 22, 2022
Posted by Ακκουρης Σταύρος on Friday, July 22, 2022
Б. С. Б. | Црнобело