Убави вести од Скопје ЗОО: По 4 години се роди бебе белоглав мршојадец
„Овој вид за жал е пред истребување. Белите мршојадци се најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори“, велат од Скопје ЗОО, пресреќни за приновата.
Навистина ни е позитива на денот кога од Скопје ЗОО има убави вести за нови бебиња.
Овојпат подмладокот е бебе белоглав мршојадец.
Убавата вест од Скопје ЗОО:
„После четири години имаме и бебе белоглав мршојадец што особено нè радува бидејќи овој вид е загрозен.
Белите мршојадци се најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори честопати движејќи се во јата. Воспоставуваат гнездачки колонии на карпи каде не можат да бидат вознемирувани од луѓето.
Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.
Мило ни е што и во минатато и сега придонесуваме за продолжување на овој вид кој за жал е пред истребување.“
фото: Фејсбук Скопје ЗОО
Прочитајте и Ново бебе лама + сите бебиња што се родија во Скопје ЗОО периодов (фото)
С. С. | Црнобело