5 знаци дека вашето милениче чувствува љубомора (и како да му помогнете?)

Некои миленици се чувствуваат загрозено и чувствуваат љубомора ако во домот се донесе ново милениче или ако нивниот сопственик обрнува внимание на друго животно, па дури и личност.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete-01.jpg

И животните чувствуваат низа емоции, вклучувајќи ги и негативните како љубомора.

А, ако чувате мачка или куче, важно е да можете да ги препознавате емоциите кај вашето милениче, особено негативните, со цел да постапите правилно.

Овојпат ќе се фокусираме на љубомората кај мачките и кучињата, односно што ја предизвикува, кои се знаците и што да правите во вакви ситуации.

Зошто милениците чувствуваат љубомора?

Љубомората не е така ретка појава кај домашните миленици и може да биде предизвикана од разни ситуации.

Обично мачките и кучињата чувствуваат љубомора ако во домот се донесе ново милениче, а некогаш и ако нивниот сопственик обрнува повеќе внимание на друго животно, па дури и на друга личност.

Кај кучињата, поголемите раси најчесто се подружељубиви и генерално полесно „го делат“ сопственикот со други животни и луѓе.

Од друга страна, повеќето помали раси можат да бидат попосесивни, па кај нив љубомората може да биде поизразена.

Кога станува збор за мачки, причините за појава на љубомора се слични. Само, кај нив обично мажјаците се оние кои можат да покажат поизразена љубомора бидејќи се територијални животни.

И мачките и кучињата можат да чувствуваат љубомора и за побезначајни работи, како нов миленик кој им јаде од чинијата.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete-02.jpg

Како да ја препознаете љубомората кај вашиот миленик?

Љубомората кај милениците се јавува кога настанува некоја поголема промена во нивното секојдневие. Па, ако во домот донесете ново милениче, ви дојдат гости кои претходно не биле кај вас и слично, обрнете внимание на однесување на миленикот.

Агресивно однесување

Повеќето мачки и кучиња ја покажуваат љубомората со агресија.

Односно, ако љубоморат на личност или друго животно, ќе почнат да му ржат, да му лаат/мјаукаат, а некогаш и да го нападнат.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete03.JPG

Вршат нужда низ домот

Ако вашата мачка одеднаш почне да врши нужда низ домот, надвор од кутијата за песок, тоа обично е поради револт, некогаш предизвикан и од љубомора.

Истото важи и за кучињата – ако одеднаш почнат да вршат нужда низ домот, а претходно не го правеле тоа, можеби чувствуваат љубомора.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete-04.jpg

Обележуваат територија низ домот

Веќе спомнавме дека мачките се територијални животни, па ако се чувствуваат загрозено и се чувствуваат љубоморно, можно е да почнат да обележуваат територија низ домот со урина.

Истото го прават и кучињата.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete05.JPG

Не сакаат да се одвојат од вас

Сите сакаат нивното милениче да сака да се гали, но ако забележите дека мачката или кучето одеднаш почнуваат да ви обрнуваат многу повеќе внимание и никако не сакаат да бидат одделени од вас, можно е да чувствуваат љубомора.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete06.JPG

Уништуваат предмети низ домот

Уништувањето предмети низ домот е еден од начините на кои мачките и кучињата сакаат да ви го привлечат вниманието.

Ако претходно вашиот миленик не правел ваков неред, можеби станува збор за љубомора доколку има причина за тоа.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete07.JPG

Што да направите ако миленичето е љубоморно?

1. Прво обрнете внимание во кои ситуации миленикот покажува знаци на љубомора за да го најдете најдоброто решение.

2. Ако имате повеќе миленици, пробајте да им обрнувате исто внимание на сите. Односно, немојте да си играте со едниот, а да го запоставите другиот.

3. Одвојте место во домот каде што миленикот ќе се чувствува безбедно и ќе биде само негово.

4. Ако чувате повеќе миленици, секој нека си има своја чинија, свој песок (ако се мачки), свој кревет, свои играчки…

5. Ако имате љубоморно куче, секогаш шетајте го со поводник за да избегнете незгоди со други кучиња надвор.

6. Кога љубоморниот миленик ќе се однесува добро кон другиот (или кон личноста) дајте му награда, како храна.

7. И, најважно, немојте никако да го удирате миленикот или да му викате бидејќи само ќе ја влошите ситуацијата.

5-znaci-deka-vasheto-mileniche-chuvstvuva-ljubomora-i-kako-da-mu-pomognete08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg