Жена од САД чува необично милениче: „Најдов бебе верверичка и ја згрижив – сега не сака да си оди“
Кога Пети од Бостон нашла бебе верверичка во нејзиниот двор, цел час пробувала да ја најде мајка ѝ. Бидејќи не можела, решила таа да се грижи за верверичката, а кога пораснала и пробала да ја пушти на слобода, верверичката се вратила кај неа, па сега си ја чува како миленик.
Верверичките се диви животни и не можете да ги чувате како миленици. Дури и кога некој ќе спаси верверичка, се грижи за неа додека да закрепне, и потоа ја пушта на слобода.
Но, кога Пети од Бостон пробала да ја пушти верверичката што ја згрижила, таа одбивала да си замине, па сега ја чува како милениче.
Пети првпат ја забележала малата верверичка од прозорецот на нејзината кујна. Кога ѝ се доближила, сфатила дека верверичката уште е бебе, па речиси цел час ја барала нејзината мајка или барем друга верверичка со надеж дека ќе може да го врати бебето.
Кога не успеала да најде ништо, одлучила да се грижи за верверичката додека да порасне, а потоа да ја пушти на слобода. Таа ѝ дала и име – Банк.
Нo, Пети толку добро се грижела за Банк, што таа воопшто не сакала да си замине.
„Кога порасна, ја пуштив на слобода и ја немаше пет дена. Кога се врати беше исплашена. Пробав да ја пуштам уште трипати, но секојпат се враќаше.
Вервериците не се погодни за миленици – прават неред, можат да ве каснат, скапи се за одржување, потребен им е нивен простор… Но, бидејќи Банк не се откажуваше, секако дека немаше да ја оставам така“.
Кога сфатила дека верверичката сака да живее со неа, Пети купила и направила секакви играчки. Па, сега во нејзината дневна соба има огромни гранки и тунели низ кои верверичката може да се движи и да си игра без да се повреди.
„Ѝ ставив и кутии како гнездо. Некои од работите ги користи, но некои не ѝ се допаѓаат. Сега, ова е нејзина соба и не смеам да правам промени. Кога одам низ собата ме следи. Ѝ направив и кафез, но секогаш е отворен - верверичките не треба да се затвораaт“.
Кога станува збор за исхрана, Пети вели дека ѝ дава овошје и зеленчук.
„Верверичките јадат многу работи – како овошје и зеленчук. Исто така, не пренесуваат болести како беснило. Покрај тоа, тие се многу дружељубиви.
Вистински благослов е да ве сака верверичка. Сигурна сум дека Банк ме прави подобра личност и ме научи како да се поврзам со природата. Луѓето и верверичките имаат поголема конекција отколку што мислат луѓето.“.