9 важни работи што треба да ги земете предвид кога го шетате вашето куче
Секогаш собирајте го изметот на кучето и немојте да го влечете додека го шетате.
Шетањето е важна активност за секое куче, но не е доволно само да го изнесете надвор. Мора да земете предвид некои работи за да ги избегнете проблемите како борба со други кучиња и повреди.
За Insider, неколку ветеринари ги споделуваат најчестите грешки што ги прават сопствениците додека ги шетаат нивните кучиња.
Дел од нив во продолжение:
Не се доближувајте до други кучиња без дозвола од нивниот сопственик
Кучињата се друштвени животни и сакаат да си играат едни со други. Сепак, не е препорачливо да му дозволите на вашето куче да му пријде на друго без дозвола од неговиот сопственик.
Никогаш не знаете како реагира другото куче во близина на други кучиња, па добро е прво да го прашате сопственикот.
Избегнувајте ремчиња што се продолжуваат
Овие ремчиња се одлични ако сакате да му дадете поголема слобода на вашето куче, но избегнувајте да ги користите ако го шетате кучето во близина на улица и други кучиња.
Со овие ремчиња немате многу голема контрла над движењето на кучето, па може одеднаш да ви истрча на улица со коли или кон агресивно куче.
Немојте да го влечете кучето со ремчето
Влечењето на ремчето не е ефикасен начин на тренирање. Кога кучето ќе ве повлече додека го шетате, ако вие го повлечете назад, тоа нема да престане, туку ќе почне посилно да влече.
Во ваквите ситуации многу подобро е да стоите во место додека кучето да престане со влечењето. Кога ќе се врати кон вас, препорачливо е да му дадете награда.
Не треба секогаш да го одврзувате кучето
Освен ако не сте потполно сигурни дека кучето ќе се врати кога ќе му викнете, немојте да го одврзувате кога сте излезени.
Потребно е време за кучето да научи дека треба доаѓа кога ќе му викнете, па не брзајте со одврзувањето.