Русинка со најубавото милениче – огромен мачор кој тежи 12 килограми, а допрва ќе расте (фото)
Јулија од Русија има мачор од расата „мејн кун“ кој на неполни две години тежи 12 килограми. Бидејќи овие мачки растат до третата година, најверојатно мачорот ќе стане уште поголем.
Русинката Јулија има милениче на кое би завиделе сите љубители на мачки. Нејзиниот мачор од расата „мејн кун“ (Maine Coon) е огромен и тежи 12 килограми. За споредба, домашните мачки тежат околу 5 килограми во просек.
Мачорот се вика Кефир – име инспирирано од неговата снежнобела боја – а Јулија вели дека е стар 1 година и 9 месеци.
Наводно, мачките од оваа раса се поголеми и неретко растат до третата година од животот. Што значи, Кефир најверојатно ќе биде уште поголем.
„Навистина е смешно како реагираат другите на мачорот бидејќи е огромен. Многумина мислат дека е куче кога го гледаат првпат“, открива младата девојка.
Иако Кефир е огромен, Јулија вели дека е многу мил мачор.
„Тој е всушност мало нежно маче во телото на огромен ѕвер“.
Како што веќе напоменавме, за мачките од оваа раса е нормално да бидат огромни, но Кефир е голем и за тие стандарди. Во просек, мажјаците тежат до 8 килограми, но Кефир одамна ја поминал таа граница.
Најголемиот мачор од оваа раса што е забележан досега тежел речиси 15 килограми, а се чини дека Кефир е на добар пат да го стигне.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





