Мијат садови, метат, го чистат тоалетот – како изгледа кога кучињата ги „преземаат“ домашните обврски? (фото)

Колку би било убаво еден ден да може да одморите, а другите околу вас да ви помогнат и да ја средат куќата, нели? Велат дека многу раце се вредни, а во овој случај тоа може да се каже и за големиот број шепи.

Kuchinja-gi-vrshat-obvrskite-na-sopstvenichkata-od-pravosmukalka-do-cistenje-na-toaletot-nishto-ne-e-teshko-za-niv-01.jpg

Поранешниот тренер за кучиња Линда Куш (63) постојано објавува фотографии на својот Инстаграм профил од нејзините три кучиња, со кои успева да ги насмее своите следбеници.

Меѓу другите фотографии, може да видиме дека трите кучиња Река, Рокси и Рајли не се плашат да ги извалкаат шепите и да го зачистат нивниот дом во Мисури.

Kuchinja-gi-vrshat-obvrskite-na-sopstvenichkata-od-pravosmukalka-do-cistenje-na-toaletot-nishto-ne-e-teshko-za-niv-02.jpg

По повод Денот на независност на сопствениците на миленичиња имаше предизвик во кој сопствениците ги менуваат местата со нивните миленици. Односно, за да го обележат денот, сопствениците се излежуваат по дома како нивните мачки и кучиња, а милениците ги „преземаат“ нивните обврски.

Па, и Линда одлучи да ги смени местата со нејзините кучиња на еден ден, а резултатот се неколку фотографии што сигурно ќе ве насмеат.

Kuchinja-gi-vrshat-obvrskite-na-sopstvenichkata-od-pravosmukalka-do-cistenje-na-toaletot-nishto-ne-e-teshko-za-niv-03.jpg

„Затоа што треба да ги смениш местата со твоите миленици на еден ден, јас ги натерав да ги завршат обврските што јас вообичаено ги правам, па јас си лежев пред каминот, тоа што тие вообичаено го прават“ - вели таа.

Kuchinja-gi-vrshat-obvrskite-na-sopstvenichkata-od-pravosmukalka-do-cistenje-na-toaletot-nishto-ne-e-teshko-za-niv-04.jpg

По „напорната работа“, Линда ги наградила своите миленици со прошетка.

Кога станува збор за помошта од овие три кучиња јасно е дека тие не се пребирливи во тоа што ќе го прават: од чистење со правосмукалка, до бришење прашина и чистење на тоалетот. Дури има фотографии на кои кучињата го бришат подот, мијат садови или ја чистат рерната.

Инаку, на нејзиниот профил често можеме да видиме дека Линда ги облекува кучињата соодветно за прославување на одредени денови.

Погледнете повеќе фотографии од кучињата како „чистат“ дома:

Kuchinja-gi-vrshat-obvrskite-na-sopstvenichkata-od-pravosmukalka-do-cistenje-na-toaletot-nishto-ne-e-teshko-za-niv-05.jpg

Kuchinja-gi-vrshat-obvrskite-na-sopstvenichkata-od-pravosmukalka-do-cistenje-na-toaletot-nishto-ne-e-teshko-za-niv-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / Фото: Instagram

Би можело да ве интересира:

18 миленици кои пораснале, но ги задржале старите слатки навики (фото) Старите навики тешко „умираат“ - доказ за ова се и многу, многу миленици, кои ни...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg