Ниту еден Далматинец нема ист број и иста форма на дамки – 10 специфични факти за една од најнеодоливите раси на кучиња

Кога ќе се споменат Далматинцитe, повеќето луѓе како по некој универзален автоматизам се асоцираат со малите точкасти палавковци кои безмилосно ги демнееше добропознатата антагонистка, Круела Девил.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 01 630x330.jpg

Оваа раса на кучиња се одликува со толку многу карактеристики, таленти и вештини, така што не е воопшто чудно што далматинците се едни од најпосакуваните кучиња ширум светот.

Можеби токму вие размислувате да ја отворите вратата на оваа неодолива раса, но сметате дека не сте доволно „потковани“ , односно не знаете што да очекувате.

Не грижете се. Ќе се обидеме да ви помогнеме.  

Во продолжение ги издвојуваме 10-те најспецифични и најинтересни факти за Далматинците кои ќе ви помогнат полесно да ja разберете природата на овие прекрасни палавковци:

1. Нивното потекло е мистериозно

Како и кај доста постари раси на кучиња, потеклото на Далматинецот е тешко да се утврди.

Некои луѓе веруваат дека овие кучиња потекнуваат од Далмација, регион во денешна Хрватска. Постои теорија дека всушност тие биле воени кучиња и се користеле како чувари.

Други пак, веруваат дека потеклото на Далматинците датира исто колку потеклото на старите Египќани, односно дека во нивните гробници може да се најдат слики од точкасти кучиња кои влечат кочии.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 02 630x421.jpg

2. Новороденчињата Далматинци немаат дамки при раѓање

Ова е всушност еден од најинтересните факти и е 100% вистинит. Всушност, малите Далматинчиња немаат дамки и се раѓаат сосема бели, а своите препознатливи дамки ги добиваат со самото стареење.

Нивните црни точки почнуваат да стануваат видливи помеѓу втората и третата недела од самото раѓање.

Кога кученцето ќе наполни еден месец, веројатно присутноста на дамките ќе биде јасно видлива, но верувале или не, Далматинците се здобиваат со нивните препознатливи црни точки до крајот на својот живот.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 03 630x390.jpg

3. Дамките на Далматинците не мора да бидат црни

Кога замислувате Далматинец, најверојатно вашата прва помисла е бело куче со црни точки. Сепак, не сите Далматинци се строго црно-бели.

Препознатливите дамки, покрај примарната црна боја, исто така можат да се појават во повеќе различни бои. Постојат дамки во жолта, кафена, сива, па дури и портокалова боја.

Понекогаш Далматинецот може да има дамки со мешавина од овие бои, но тоа зависи од боите на дамките на неговите родители.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 04 630x390.jpg

4. Далматинците се исклучително активни кучиња

Како што напоменавме, низ нивната богата историја Далматинците биле користени за безброј активни должности, односно биле среќавани во улогата на воени и ловџиски кучиња, па дури и како изведувачи во циркус.

Пред да се одлучите на оваа раса, имајте предвид дека во домот ви стапнува вистинска „енергетска бомба“.

Доколку живеете во стан, бидете подготвени за фактот дека на Далматинецот ќе му требаат дури и неколку подолги дневни прошетки, како и задолжително истрчување.

Во спротивно, самите тие ќе најдат начин како да се ослободат од вишокот енергија, а истиот веројатно нема да ви се допадне.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 05 630x341.jpg

5. Далматинците честопати имаат проблем со нивниот слух

Иако немаат големи генетски проблеми, она од што често страдаат Далматинците е оглувувањето. Околу 30% од овие кучиња имаат некаков вид на оштетување на слухот, од делумно губење до целосна глувост.

Причината за ова генетско нарушување лежи токму во нивната препознатливост - дамките.

Кучињата со дамки, а особено кучињата со претежно бело крзно, понекогаш немаат доволно меланоцити - клетки кои произведуваат меланин или потемна кожа и дамки во внатрешниот дел на увото.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 06 630x341.jpg

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg