Ниту еден Далматинец нема ист број и иста форма на дамки – 10 специфични факти за една од најнеодоливите раси на кучиња

6. Далматинците се познати како пожарникарски кучиња

Далматинците имаат многу таленти, но тие веројатно се најпознати по своите вештини како теренски кучиња. Својот посебен талент тие практично го докажаа служејќи во противпожарните служби.

Незабележувањето на нивните изразени одлики е речиси невозможно, така што и ден-денес се среќаваат кучиња кои се возат во модерни, противпожарни возила.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 07 630x390.jpg

7. Далматинците се своеволни и независни

Далматинците се многу интелигентни, па како резултат на тоа и многу независни кучиња. Доколку не им пружите соодветна обука и грижа, тие можат да бидат драматично инаетливи и независни.

Далматинците се кучиња кои бараат многу внимание и вежбање. И да, тие сакаат деца, но доколку од вас го добиваат идентичното внимание како некогаш, во спротивно знаат намерно да направат незгода.

Доколку планирате да чувате Далматинец, подгответе се за долги прошетки.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 08 630x390.jpg

8. Ниту еден Далматинец нема ист број и иста форма на дамки

Во право сте, вашиот Далматинец е посебен!

9. Далматинецот се покажал како исклучително добар чувар на куќата

Далматинците во минатото биле одгледувани за да бидат кучиња-чувари и се заштитнички настроени кон нивните семејства.

Тие се одлични пазачи и веднаш известуваат доколку во домот забележат нешто сомнително.

Далматинците се стремат да ја заштитат својата територија, но повторно ќе напоменеме дека најголем удел за тоа дали Далматинецот ќе внимава на вашата безбедност е всушност начинот на кој ќе го тренирате.

Доколку не обратите доволно внимание конкретно на ова, тие можат многу лесно својата доверба да ја усмерат и кон непознати лица. Затоа, најважно за оваа раса е навременото, рано дресирање.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 09 630x429.jpg

10. Ремек-делото на Дизни „101 Далматинец“ придонело голема штета кон оваа раса

Покрај неминовната придобивка, во врска со пробивањето и експонирањето на расата, од друга страна добропознатиот анимиран филм „101 Далматинец“ донесе низа непријатности за точкастите миленици.

Имено, поради екстремната популарност на цртаниот филм, бројката на купени Далматинци секојдневно го рушела претходнопоставениот рекорд.

Повеќето од семејствата за брзо време се соочиле со фактот дека чувањето на овие кучиња сепак не е Дизниева бајка и дека за нивната грижа е потребно многу внимание.

На младенчињата им треба посветеност и соодветна обука, а многу посвоители не биле подготвени за оваа одговорност.

Како резултат на ова, многу Далматинци биле исфрлени од своите домови и често биле гледани како талкаат по улиците.

Nitu-eden-Dalmatinec-nema-ist-broj-i-ista-forma-na-damki-10-specifichni-fakti-za-edna-od-najneodolivite-rasi-na-kuchinja 10 630x472.jpg

За крај, за вас ги издвоивме најубавите Инстаграм-фотки од Далматинци ширум светот, кои со сигурност ќе ви го разубават денот:

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

;

Мила М. | Црнобело

Фото: Instagram / dalmatianlovers, dalmatians_of_instagram, dalmatiannation



Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg