Медицински лица му организираа забава на златен ретривер кој го победи ракот
Храбриот 9-годишен златен ретривер Клод е инспирација за сите. По тешките третмани, тој се чувствува одлично.
На 9-годишниот златен ретривер Клод од Лондон му бил дијагностициран рак на мозокот во 2018 година и неговите сопственици со години го носеле на тешки третмани за да го спасат.
Дел од терапијата вклучувала и зрачна терапија од машина која најчесто се користи само за луѓе, но сопствениците и медицинските лица верувале дека таа ќе му го продолжи животот на Клод, па се одлучиле на таков потег.
Клод неодамна завршил со сите третмани и за да се прослави тоа што се изборил со болеста, ветеринарите му организирале мала забава на која и тој носел славеничка шапка.
Сега Клод слободно ќе ужива во прошетките со своите сопственици, кои велат дека кога ја добиле дијагнозата во 2018 година биле многу тажни бидејќи тој бил со нив од 9-месечна возраст и практично е дел од нивното семејство.
„Тој ни е инспирација нам, но и на луѓето кои се справуваат со истата болест како него. Тоа што сега тој се избори со ракот и има среќен живот е инспирација за многумина кои се соочуваат со вака страшна дијагноза.“
С. С. | Црнобело