Пар спасил куче од Србија да не биде успиено и тоа им родило 12 кученца
Хуман пар од Велика Британија направил добро дело и доживеал неверојатно изненадување.
Одри Хемпшир и партнерот Мејнард Докерти од Велика Британија го спасиле 8-месечното куче Бо од Србија, откако прочитале на Фејсбук дека ќе биде успиено.
Женката Бо добила топол дом, закрепнала, а дури ѝ се поправила нагло. Загрижени да не ја ранат премногу нејзините сопственици отишле на ветеринар и тој им рекол дека таа е бремена и носи 6 кученца.
Но, кога се породила Бо всушност испаднало дека носела 12 кученца.
Парот бил пресреќен од приновата од нивниот миленик, но бидејќи не располагаат со многу простор, тие ќе ги дадат кученцата за посвојување.
С. С. | Црнобело