„Човечка“ храна која е штетна за вашето куче и со што да ја замените
Слатки
Слатките, чоколатцата, бонбоните и слично можат да бидат штетни за вашето куче. Причината е состојката ксилитол, која е безбедна за луѓето, но може да биде токсична за кучињата и да предизвика проблеми со црниот дроб, па дури и смрт.
Слатките можете да ги замените со путер од кикиритки, но гледајте да ја нема состојката ксилитол.
Млеко и млечни производи
Повеќето кучиња се нетолерантни на лактоза. Па, иако можеби млекото и млечните производи не предизвикуваат сериозна закана, сепак можат да бидат причина за дијареја, повраќање, гасови и болки во стомакот.
Наместо млечни производи, на кучето можете да му дадете овесна каша.
Цреши
Кучињата не можат да јадат цреши бидејќи нивните семки, гранчиња и ливчиња содржат цијанид. Дури и ако ги отстраните овие делови, црешите можат да имаат премногу шеќер за вашето милениче.
Кивито е подобра опција од црешите, но осигурете се дека добро ќе ја отстраните лушпата.
Пченка со кочан
Пченката со кочан е опасна за кучето бидејќи може да се задави.
Сепак, во ред е да му дадете на кучето само пченка како ужина.
Тесто за леб
Живото тесто може да предизвика проблеми со дигестивниот систем на кучето, па не би требало да му давате.
Од друга страна, ако кучето нема алергии, можете да му давате обичен бел леб. Само внимавајте да нема семки и други додатоци.
Секако, за сите овие работи, би било најдобро да се консултирате и со вашиот ветеринар.
Спирова С. | Црнобело