5 најчести заблуди поврзани со мачките
Сакаат да пијат млеко и секогаш се дочекуваат на нозе? Не баш. Кои се најчестите митови за мачките? Што е вистина?
Иако мачките се чудесни животни по многу критериуми, некои верувања за нив всушност се должат на заблуди и митови, на пример тоа дека треба да пијат млеко или дека треба да јадат зеленчук.
Па, да почнеме од млекото:
Заблуда: Мачките треба да пијат млеко
Вистина: Мачките го сакаат вкусот на млекото, но откако ќе се одвикнат од мајчиното млеко, нивното тело не произведува ензими за разградување на лактозата.
Да ѝ се даде на мачка и најмала количина млеко е како вие да изедете голема кутија со калоричен сладолед наеднаш.
Заблуда: Мустаќите им служат за рамнотежа
Вистина: Мустаќите се долги колку што е широко телото на мачката и ѝ служат како сензор со чија помош чувствува промени во температурата кога се приближува до физичка пречка.
Губењето на мустаќите ги прави мачките дезориентирани, но не затоа што губат рамнотежа, туку затоа што им го нема сензорот за ориентација.
Заблуда: Мачките секогаш се дочекуваат на нозе
Вистина: Ако скокнат од не многу голема висина, може да се дочекаат на нозе поради нивната способност да го извртат 'рбетот додека се во воздух.
Но, при големи висини мачките можат да направат погрешна проценка, па при падот да се повредат тешко, па дури и да загинат.
Заблуда: Мачките не разликуваат бои, но гледаат во мрак
Вистина: Тие имаат некаков вид далтонизам за црвена и зелена боја, но многу добро ги регистрираат сината, виолетовата, жолтата и жолтеникаво зелената.
Нивните рецептори се понапредни од нашите, па затоа и подобро можат да гледаат во темница, дури и при најмал извор на светлина.
Заблуда: Мачките сакаат зеленчук
Вистина: Основата на исхраната на мачките е месна и некои видови зеленчук можат да бидат само здрав додаток за дополнителен извор на хранливи состојки.
Но, доколу ја храните мачката само со зеленчук (или храна од растително потекло), можете да ѝ предизвикате сериозни проблеми со здравјето.
Е. Д. | Црнобело