Кафуле во Атина секоја вечер ги отвора вратите за бездомните кучиња да имаат каде да спијат
Добрината на луѓето може да се забележи во големите дела, но и оние кои се навидум мали нешта, а сепак знаат да спасат нечиј живот.
Доказ за тоа е и една фотографија која неодамна е објавена на Reddit од страна на корисникот GellowBoob.
На фотографијата прикажани се неколку кучиња кои спијат на топло, внатре во едно кафуле во Атина.
Ова кафуле секоја ноќ своите врати ги отвора за бездомните кучиња за да не смрзнат на студеното време.
Многу членови на оваа социјална мрежа веднаш коментирале околу тоа дека таму кучињата се третираат поинаку, односно луѓето знаат да ги згрижат оние бездомни кучиња кои немаат каде да преспијат тогаш кога температурите се многу ниски.