Бизарни подводни суштества кои изгледаат нереално (и застрашувачко)

Морничава риба со огромни заби, но и риба со транспарентно тело која е нарекувана „морски ангел“ – дел од најчудните подводни суштества.

bizarni-podvodni-sushtestva-koi-izgledaat-nerealno-i-zastrashuvachko-01.jpg

Човечкото тело може да издржи под вода до длабочина од околу 60 метри доколку нема никаква опрема.

На поголема длабочина од ова, притисокот од водата предизвикува сериозни проблеми, па и смрт.

Но, суштествата кои живеат во океаните се адаптирале на огромниот притисок и засега е познато дека некои видови издржуваат и на длабочина од 8.000 метри.

А, поради околината, телата на овие суштества изгледаат нереално, како да се од друга планета.

Дел од најбизарните подводни суштества:

Јагула од видот Eurypharynx pelecanoides

Оваа јагула е нарекувана и пеликан поради формата на нејзината уста.

Живее на длабочина од околу 2.700 метри, а нејзината уста може да биде и поголема од нејзиното тело.

Јагулата е забележувана многу ретко, па речиси и да нема добри фотографии од неа.

bizarni-podvodni-sushtestva-koi-izgledaat-nerealno-i-zastrashuvachko-02.jpgМодел од јагулата

Риба од видот Anoplogaster cornuta

Оваа риба со застрашувачки изглед е препознатлива по своите заби.

Живее на длабочина од 500 до 2.100 метри, но забележани се единки и на длабочина од речиси 5.000 метри.

bizarni-podvodni-sushtestva-koi-izgledaat-nerealno-i-zastrashuvachko-03.jpg

Краба од видот Macrocheira kaempferi

Ова суштество е всушност најголемата краба во светот и живее на длабочина од 200 до 550 метри.

Има десет нозе, од кои осум користи за одење, а на останатите две има канџи.

bizarni-podvodni-sushtestva-koi-izgledaat-nerealno-i-zastrashuvachko-04.jpg

Морска краставица

Морските краставици не се застрашувачки како останатите суштества на листата, но дефинитино имаат нереален изглед.

Можат да преживеат и во плитка и во длабока вода, а постојат и разни видови.

Најмалите се со должина од околу 2.5 сантиметри, додека големите можат да достигнат должина до 1.8 метри.

bizarni-podvodni-sushtestva-koi-izgledaat-nerealno-i-zastrashuvachko-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...
15 фотографии од мачки кои ќе ве насмеат и расположат Ако чувате мачка сигурно барем еднаш сте се смееле до солзи откако направила неш...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg