Рецепт за домашен лек против крлежи
Сите сакаме да ги заштитиме милениците од болести и инфекции, но понекогаш тоа е надвор од нашите можности, посебно кога миленикот го пуштaме да прошета само и да си поигра во тревата.
Тогаш истото може да добие крлежи или други бактерии од други миленици кои тешко се чистат, а може да имаат смртоносен исход доколку се размножат во голем број.
Ова е рецептот за домашна билка против крлежи и бактерии со која истите ќе ги отстраните веднаш од вашиот миленик.
Сварете 6 преполовени лимони во литар вода, оставете да отстои неколку часа и ставете го во празен распрскувач за стакло.
Прскајте го миленикот секој ден, пред и после шетањето или пред секое излегување од дома.
Исто така може да замотате чешне лук во лепче или друга храна и да му давате да го консумира секое утро.
Лукот содржи антибактериско дејство, ги уништува бактериите и габичните инфекции, како кај човекот така и кај милениците.
Заштитете го миленичето од крлеши и инфекции уште денес со приготвување на оваа билка која нема да ви одземе многу време, но може да го спаси неговиот живот!