Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Колку пати во денот треба да јаде кучето, мачката, папагалот...

Сите сакаме најдобро да се грижиме за нашите миленици и да ги храниме правилно, но понекогаш претеруваме сакајќи да им угодиме и ги храниме повеќе од потребно.

kolku-pati-vo-denot-treba-da-jade-kuceto-mackata-papagalot-1

Еве колку пати во денот треба да јаде вашето милениче, ако сакате да го одржите здраво и активно:

Кучето се храни според расата и возраста. Оние помали кучиња кои се такви според расата или пак помали според годините треба да се хранат три пати на ден додека наполнат 6 месеци, каде оброците треба да се намалат за еден помалку доколку се работи за мало куче според возраст.

Големите или возрасните кучиња пак се хранат според нивната активност. Доколку постојано го одржувате кучето активно во текот на денот добро е да го храните со ситни меѓу оброци, во спротивно големите кучиња се хранат од еднаш до два пати во денот, но никогаш со претерување бидејќи лесно може да ја зголемат килажата.

Мачката се храни според возраста. Ако се работи за мало маче до 6 месеци во ред е да се храни и до три пати во денот, умерено. Но, кога се работи за возрасна мачка доволни се само два оброци во текот на денот, наутро и навечер.

Папагалот се храни два пати во денот, наутро и навечер или пак во текот на денот по неколку пати, но во ситни порции за да биде сит постојано.

Хрчаците се хранат еднаш дневно, навечер или наутро, зависи од тоа како го имате навикнато. Во текот на денот може да му приредите ужинка од мало парче јаболко.

Зајаците се хранат само еднаш во денот со количина на храна пропорционална со нивната големина, а доколку е мало зајачето добро е да се храни со млеко два до три пати на ден.

Доколку имате двор со трева се препорачува да го пуштате надвор почесто, тоа само знае кога му е потребна трева помеѓу оброците кои му ги давате.

kolku-pati-vo-denot-treba-da-jade-kuceto-mackata-papagalot-2

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg