Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По 90 години: Легендарното куче Хачико се сретна повторно со својот сопственик

Многумина ја слушнале приказната или го гледале филмот за најдоброто пријателство меѓу професорот од еден универзитет, кој го глуми Ричард Гир и неговото куче Хачико, кој е снимен според вистинска приказна.

po-90-godini-legendarnoto-kuce-haciko-se-sretna-povtorno-so-svojot-sopstvenik-01

Тие станаа познати благодарение на репортажата на еден јапонски новинар кој во октомври 1932 година, напишал дека на железничката станица едно куче со години, секој ден, во исто време го чека својот покоен газда да се врати од работа.

Приказната всушност почнува со тоа што еден ден, кога професорот се враќал од работа, на железничката станица забележал куче кое многу му се допаднало. Решил да го однесе дома, и покрај противењето на неговата сопруга, одлучил да го задржи.

po-90-godini-legendarnoto-kuce-haciko-se-sretna-povtorno-so-svojot-sopstvenik-1.jpg

Поминувале многу време заедно и станале речиси неразделни, а Хачико секојдневно го следел својот сопственик до железничката станица за да го испрати на работа и во точно време го пречекувал кога се враќал.

Еден ден, професорот доживеал инфаркт додека предавал на универзитетот и не се вратил. Сепак, Хачико не престанал да доаѓа на станицата секојдневно околу 5 часот попладне и да го чека својот пријател.

По 10 години чекање, Хачико е пронајден мртов на железничката станица, каде до последниот ден од својот живот ја очекувал средбата со својот омилен пријател.

На станицата Шибуја му е подигнат споменик кој сè уште стои на истото место.

po-90-godini-legendarnoto-kuce-haciko-se-sretna-povtorno-so-svojot-sopstvenik-3.jpg

Оваа година се одбележуваат 90 години од смртта на професорот и 80 години од смртта на Хачико.

Во нивна чест студенти од Универзитетот во Токио, каде предавал професорот им подигнале споменик кој ја прикажува нивната конечна средба.

Тие сметаат дека таа средба треба да биде бесмртна исто како и нивното пријателство.

po-90-godini-legendarnoto-kuce-haciko-se-sretna-povtorno-so-svojot-sopstvenik-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Позитива на денот: Фото-докази дека и животните се грижливи родители Мачка која ги прегрнува своите малечки додека спие, куче кое се радува на новоро...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Како да познаете дали вашето куче има болви (и како да се ослободите од нив)? Најбрзо решение се средствата против болви, но ако не станува збор за сериозен п...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg