Куче и слонче напуштени како бебиња, сега се најдобри пријатели (видео)
Откако биле убиени родителите на едно слонче тоа било оставено само на себе, но за среќа на време било спасено и пренесено до плажата Миртал во Јужна Каролина, каде полека си го нашло својот пат. Луѓето кои го пренеле го нарекле Баблс.
Кучето Бела, пак, дошло до истата плажа откако оној кој претходно правел базен за слончето Баблс, го донел тука и веќе никогаш не се вратил по него.
Со оглед на тоа што и на Бела и на Баблс им било потребно другарче, логично е штом останале сами да почнат меѓусебно да комуницираат, а денес веќе се и неразделни.
Најмногу уживаат во пливањето или кога си играат со топче кое Баблс го фрла, а Бела го фаќа. Таа пак најмногу ужива кога се сонча на грбот на Баблс.
Една вистинска приказна за најнеобичното пријателство кое ги споило овие две суштества.