Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лекција за пријателството: Питбул во уста ја пренесува повредената чивава

Пред неколку дена во Џорџија била забележана женка питбул по име Џоана, како во уста ја носи својата мала пријателка чивава.

lekcija-za-prijatelstvoto-pitbul-vo-usta-ja-prenesuva-povredenata-civava-01

Полицајците од организацијата „Аnimal control“ ја забележале Џоана како ја носи чивавата и повремено ја спушта на земја за да и го излиже повреденото и инфицирано око.

На фотографиите може да се забележи дека чивавата уживала во вниманието кое ѝ го посветува пријателката питбул.

„Не се случува секој ден да видиме толку љубов помеѓу две толку различни врсти кучиња, како овие две“ – рекла Кристина Сутерин од организацијата „Animal control“ и додала дека се многу слатки животинчиња и дека токму таа посебна врска која ја имаат ги поврзува.

Ветеринарите морале да ѝ го извадат окото на чивавата Чача, но и да ја одвојат некое време од Џоана, додека не заздрави.

Сепак, тие наоѓаат некој начин барем малку време да поминат заедно.

Сите се зачудени од посветеноста и љубовта која овие две кутриња ја имаат меѓу себе.

lekcija-za-prijatelstvoto-pitbul-vo-usta-ja-prenesuva-povredenata-civava-2.jpg

На почетокот полицијата мислела дека ќе се појави сопственикот на двете кучиња, но откако тоа не се случило, останува надежта дека некој ќе сака да ги посвои двете заедно.

Ниедно од нив не обрнува внимание на другите кучиња околу нив, туку се гледаат само едно со друго, како да се две сродни души.

Пример за вистинско пријателство од кое дури и луѓето може да учат.

lekcija-za-prijatelstvoto-pitbul-vo-usta-ja-prenesuva-povredenata-civava-3.jpg

lekcija-za-prijatelstvoto-pitbul-vo-usta-ja-prenesuva-povredenata-civava-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg