Проверете: 17 докази дека сте зависник од вашето куче

Врската помеѓу човекот и кучето е посебна, емотивна и исполнува. Повеќето сопственици ќе кажат дека тоа е затоа што кучето секој знак љубов знае да го возврати повеќекратно. Затоа луѓето понекогаш стануваат и по малку зависни од своите четириножни пријателчиња.

proverete-17-dokazi-deka-ste-zavisnik-od-vaseto-kuce-01

Некои навики колку и да се необични за околината, сопствениците на кучиња ги сметаат за сосем обични и нормални и без размислување продолжуваат исто да се однесуваат.

Секој има право да си го одбере својот начин на однесување, никој не треба да ги осудува другите, но треба да се прифати и туѓото мислење.

Сепак, ако не сте сигурни колку сте опседнати со вашето куче и сакате да проверите како ве гледаат оние кои немаат, постојат 17 докази кои ќе ве потсетат дека малку повеќе сте зависни од вашето куче.

1. Имате 32 различни прекари за своето куче. Повеќето немаат никаква смисла, но тоа ги разбира.

2. Вашето куче спие со вас во кревет.

3. Колку можете избегнувате да ја вклучувате правосмукалката за да исчистите, бидејќи вашето куче се плаши од нејзиниот звук.

4. Ви се допаѓаат само оние луѓе на кои им се допаѓа вашето куче, останатите не ви се омилени.

5. Постојано носите кучешки бисквити во чантата.

proverete-17-dokazi-deka-ste-zavisnik-od-vaseto-kuce-2

6. За своето куче зборувате како што некои зборуваат за своите деца.

7. Ставате дополнително ќебе на креветот, за да му биде поудобно на вашето куче.

8. Имате неколку песнички кои му ги пеете на вашето куче, а тоа се радува, мавтајќи со опашката, дури и кога фалширате.

9. Во сабота навечер понекогаш повеќе сакате да останете дома и да си играте со кучето, отколку да излезете во некоја дискотека.

10. Сметате дека не е воопшто чудно половина час да стоите на улица и да повторувате: „Ајде измочкај се Лино“, додека нему му е интересно само да си игра. Не ви е важно што мисли околината.

11. Во исто време настинувате, кучето веднаш го носите на ветеринар, а вие се лечите со домашни лекови.

proverete-17-dokazi-deka-ste-zavisnik-od-vaseto-kuce-4

12. Кога вашето куче остарува и тешко се движи, веднаш купувате штици и правите мали скалички на кои и понатаму тоа ќе може само да се качува.

13. Вие сте единствена личност која излегува надвор и кога врне, само затоа што му е потребна прошетка на вашето куче.

14. На работа останувате само до крајот на работното време и ни минута подоцна, бидејќи знаете дека кучето едвај ве чека дома затворено.

15. Никогаш не дојадувате сè што ви е во чинијата, бидејќи кучето секогаш го добива последниот залак.

16. За време на прошетката цело време разговарате со своето куче и сметате дека нема апсолутно ништо чудно во тоа.

17. Носите слика од своето куче во паричникот или телефонот и му ја покажувате во секоја прилика.

proverete-17-dokazi-deka-ste-zavisnik-od-vaseto-kuce-3

Се пронајдовте или имате нешто да дополните?

Би можело да ве интересира:

Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg