Дали знаете која храна е опасна по животот на вашето куче?

Секој ќе се сложи дека кучињата јадат буквално сѐ што ќе им се понуди и обично секогаш бараат од храната која ние ја јадеме. Има и ситуации, каде кучињата повеќе не сакаат да се хранат со кучешка храна туку единствено со она што ние го консумираме.

dali-znaete-koja-hrana-e-opasna-po-zivotot-na-vaseto-kuce-01

Тешко е да го одбиете вашиот миленик кога жално ве гледа додека ја голтате храната, но одолејте на тој поглед бидејќи оваа храна е опасна по животот на миленикот.

Чоколада - Сигурно понекогаш ви се случило да дадете парче чоколада на вашето куче, но тоа поеќе не смеете да го правите. Чоколадата е многу штетна првенствено по здравјето на кучето, а потоа и по животот.

Авокадо - Овој тип храна содржи состојка наречена персин, која може да предизвика дијареа или повраќање кај вашето милениче. Затоа внимавајте пред да се одлучите да му дадете дури и најмало залаче.

Сурово месо - Тргнете од себе и запрашајте се: Дали за вас суровото месо би било штетно? Тогаш, секако дека е штетно и за вашиот миленик. Во незготвеното месо се наоѓаат голем број на бактерии кои може да го разболат вашето куче.

Свинско месо - За многу раси свинското месо може да предизвика алергиска реакција и да го доведе кучето до гушење. Пред да земате одредена раса на куче распрашајте се за храната на која би можело да е алергично.  

Грозје - Бидете претпазливи кон вашето куче и не му дозволувајте да се приближува до грозјето. Овој тип овошје може да биде многу штетен за нивниот дигестивен систем. За грозјето е познато дека може да предизвика бубрежни заболувања токму кај кучето.

Освен оваа храна, вие можете да го делите својот оброк со миленикот, но најдобро би било кога човечката храна би ја намалиле на минимум и би почнале да го храните со специјална кучешка храна и да го заштитите од сите можни опасности.

dali-znaete-koja-hrana-e-opasna-po-zivotot-na-vaseto-kuce-1

Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе? Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристиг...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Позитива на денот: Мечка влезе во ресторан и си седна на маса да јаде (видео) „Додека ручавме, мечка реши да се прекачи преку оградата и се послужи со остатоц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg