Очекувањата и реалноста: Што значи животот со куче?
За да немате негативни изненадувања многу е важно да размислите пред да донесете конечна одлука за да земете куче. Животот со куче е прекрасен, но има и некои непредвидени околности на кои треба да бидете подготвени.
Кучето е мило и игриво, но не е играчка и не треба да го заборавате или оставате само на себе. Пред да го добите најдоброто другарче соочете со очекувањата и реалноста.
Очекување: Голем број луѓе сметаат дека малите кученца само спијат и кога ќе се разбудат обожаваат да се галат.
Реалност: Можно е на почетокот да не спиете по цела вечер, бидејќи малото кученце постојано е околу вас, може да заспие многу доцна и да немате многу време за спиење. Но, мора да се издржи почетокот.
Очекување: Кучето ќе ја обожава храната која сте ја подготвиле за него.
Реалност: Понекогаш може да му бидат послатки чевлите и мебелот.
Очекување: Сте купиле специјално модерно и скапо креветче на кое очекувате дека постојано ќе одмора.
Реалност: Кучето спие каде што ќе посака, а најудобно му е во вашиот кревет. И тоа сака да биде постојано во ваша близина и да не биде осамено.
Очекувања: Со кучето најубаво се спие.
Реалност: Понекогаш може креветот да биде претесен.
Уште 4 споредби на следната страна...