Неодоливи дечиња со нивните крзнени пријатели (видео)
За тоа дека кучињата се најдобри пријатели на луѓето сме се увериле многу пати. Но, никогаш не можеме да престанеме да се воодушевуваме на слаткото пријателство помеѓу малите бебиња и нивните влакнести пријателчиња.
Повеќето родители кога ќе здогледаат големо куче го заштитуваат детето на сигурно. Но, сопствениците на Скуби, големата данска дога го прават токму спротивното. Своето бебе го оставаат да си игра со него, без оглед на тоа што има огромна разлика меѓу нив.
Иако Скуби ги прави сите напори за да биде нежен кон своето мало другарче, некои родители кои го погледнале видеото сметаат дека не треба да се дозволи кучето да го лиже бебето или да биде оставено само во негова близина, бидејќи може да биде и непредвидливо.
Втор пример за вакво пријателство се кучето Ина и неговата двомесечна другарка. Родителите нема потреба да се грижат за безбедноста на своето бебе бидејќи нејзина најдобра дадилка е токму Ина.
Трет пример за најдобри пријателчиња кои растат заедно се детенцето Бо и неговото куче Тео. Супер функционираат заедно, а најмногу сакаат да спијат еден до друг.
Уште едни вистински другарчиња кои секојдневно уживаат во заедничките авантури се малата Харпер и булдогот Лола, кои буквално цели денови поминуваат заедно и уживаат во игрите.
Сите овие пријателства покажуваат дека искрената љубов ги победува сите предрасуди.