Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот?
Дозволете му да се социјализира
За разлика од мачките, кучињата се посоцијални суштества и сакаат да си играат со други кучиња.
Ова е уште еден начин да се справи со здодевноста, а со тоа и да се искорени деструктивното однесување.
Купете спреј за одбивање од гризење
Во продавниците за миленици има спрејови кои можете да ги нанесете на мебелот и местата во домот што кучето ги гризе.
Но, не треба да се потпирате само на овие спрејови, туку користете ги во комбинација со другите совети.
Добро е и прво да се консултирате со ветеринар, особено ако вашето куче има здравствен проблем или е многу мало.
Не го оставајте без надзор
Не е препорачливо да го оставате кучето да шета само низ домот додека трае деструктивното однесување.
Ако, пак, кучето уништува кога сте излезени од дома, тогаш веројатно чувствува анксиозност кога е само.
Може да биде предизвик да се справите со оваа анксиозност, но можете постепено да го навикнувате да останува само.
На пример, дајте му ужина што може да ја јаде подолго и излезете од собата на 20-тина минути или додека да ја изеде.
Давајте му ја истата ужина секојпат кога го оставате само и постепено зголемувајте го времето.
По извесен период, кучето ќе почне да се навикнува.
Доколку не можете сами да се справите со овој проблем, препорачливо е да се консултирате со ветеринар.
Одвлечете му го вниманието
Кога ќе забележите дека кучето гризе нешто што не треба, немојте да му викате или да го удирате.
Наместо тоа, смирено, но построго речете му „не“. Потоа земете му го предметот што не треба да го џвака и заменете го со играчка.
Секако, ќе треба да го повторувате ова многупати додека кучето да сфати што е погрешно.
Немојте да го буните кучето
Немојте да му давате на кучето играчки кои наликуваат на предмети што не треба да ги гризе.
Ако, на пример, веќе уништило пар влечки, немојте да му ги оставите да си игра со нив бидејќи ќе мисли дека е во ред да ги гризе и другите влечки.
Истовремено, немојте некогаш да го оставате да уништи нешто, а друг пат да го прекорувате.
Сето ова може да биде конфузно за кучето и тоа да не си го промени однесувањето.
Бидете трпеливи
Уништувањето низ домот не е проблем што ќе исчезне преку ноќ.
Нормално е и вие да чувствува фрустрација, но важно е да бидете трпеливи.
Доколку однесувањето на кучето не се подобри, треба да се консултирате со ветеринар.
Спирова С. | Црнобело