Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Не сака да си оди во дивината“

Свесна дека штрковите живеат во парови, хуманата гевгеличанка Елена е подготвена да вдоми уште еден штрк, за нејзиниот Мишко да има друштво. Како што вели, во изјава за CRNOBELO.com за првпат по 1 година ги посетил ветеринар, кој рекол дека нејзиниот миленик е во добра состојба, но не сака да ја напушти безбедноста на нејзиниот дом.

elena-od-gevgelija-koja-vdomi-povreden-shtrk-ne-saka-da-si-odi-vo-divinata-kje-mora-da-mu-najdam-ushte-eden-shtrk-01.jpg

Хуманата гевгеличанка Елена Бајрактарова Алексовска (64), ги сподели најновите информации за состојбата на штркот Мишко кого го нашла повреден (дехидриран и исклукан од родителите) и го вдомила пред една година со цел да го спаси.

elena-od-gevgelija-koja-vdomi-povreden-shtrk-ne-saka-da-si-odi-vo-divinata-kje-mora-da-mu-najdam-ushte-eden-shtrk-02.jpg

Како што вели во изјава за CRNOBELO.com, за првпат откако го вдомила штркот Мишко, сега кај неа дошол претставник на ветеринарната служба, кој го прегледал и ѝ рекол дека кај штрковите полот многу е тешко може да се распознае пред третата година.

„Ветеринарот констатира дека штркот е здрав, добро нахранет, со добро живеалиште, опкружен со љубов од мачките и трите кучиња. Само би сакала да вдомам уште еден штрк за да има друштво“ – вели Елена.

elena-od-gevgelija-koja-vdomi-povreden-shtrk-ne-saka-da-si-odi-vo-divinata-kje-mora-da-mu-najdam-ushte-eden-shtrk-10.jpg

Таа вели дека оваа пролет повторно се обидувала да го врати во дивината, но за жал штркот Мишко не покажува интерес да си оди.

Затоа на оваа 64-годишна пензионерка не ѝ преостанува ништо друго, освен во август кога ќе има апели за вдомување штркови кои не можат да си одат на југ, да му најде друштво.

elena-od-gevgelija-koja-vdomi-povreden-shtrk-ne-saka-da-si-odi-vo-divinata-kje-mora-da-mu-najdam-ushte-eden-shtrk-04.jpg

Елена вели дека Мишко постојано е на слобода, шета во дворот, и таа потајно се надева дека ќе летне кон своето јато, но, кога ќе дојде 4 часот попладне сам влегува во дворот и не сака да си замине.

elena-od-gevgelija-koja-vdomi-povreden-shtrk-ne-saka-da-si-odi-vo-divinata-kje-mora-da-mu-najdam-ushte-eden-shtrk-05.jpg

Таа е свесна дека заради повреденото око Мишко лесно може да биде мета на другите штркови, па му отстапува место во својот дом и се труди да го спаси неговиот живот.

„Јас не го чувам штркот за да бидам популарна, туку затоа што немам друга опција, можам да го однесам на Вардар ама другите штркови веднаш ќе го убијат“ – ни рече Елена.

elena-od-gevgelija-koja-vdomi-povreden-shtrk-ne-saka-da-si-odi-vo-divinata-kje-mora-da-mu-najdam-ushte-eden-shtrk-03.jpg

За тоа како Елена почнала да го чува штркот Мишко и како го спасила од родителите кои го исклукале прочитајте повеќе ТУКА.

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Однесувања со кои кучето ви кажува дека ве сака (а обично не ги забележувате) Сака да се гали откако ќе се најаде и можеби најочигледниот знак – скока радосно...
Елена од Гевгелија 1 година се грижи за штрк: „Го пуштив да си оди, но не сака“ „Беше гладен, дехидриран и целиот беше со рани затоа што родителите го клукале. ...
Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветери... За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg