Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња?

Доберман пинчер

Оваа раса потекнува од Германија и е лојална и бестрашна. Всушност, овие кучиња можете да ги гледате и како лични телохранители.

Иако можат да изгледаат застрашувачки, овие кучиња се всушност нежни и нивниот карактер најмногу зависи од тоа како ќе бидат дресирани.

Брзо учат команди и се заштитнички настроени кон нивните сопственици.

lesno-se-dresiraat-lojalni-se-koi-se-najinteligentnite-rasi-na-kuchinja-06.jpg

Шетландски овчар

Уште една раса која потекнува од Британија. Како што кажува името, ова се овчарски кучиња, но фармерите ги „ангажирале“ и во грижата за другите животни.

Овие кучиња сакаат да учат и лесно можете да ги дресирате, а притоа се упорни и размислуваат мошне брзо.

Лојални се и се сметаат за едни од најдобрите раси за семејства со деца.

lesno-se-dresiraat-lojalni-se-koi-se-najinteligentnite-rasi-na-kuchinja-07.jpg

Лабрадор

Интелигенцијата на лабрадорите се истакнува со нивната желба за учење. И тоа, не чекаат некој да им покажува команди, туку тие самите можат да набљудуваат човек и да научат нешто.

Имаат мошне изострено сетило за мирис и брзо одлучуваат.

Притоа, нудат и одлична емоционална поддршка, па неретко се чуваат како кучиња помошници за луѓе со разни проблеми со здравјето.

lesno-se-dresiraat-lojalni-se-koi-se-najinteligentnite-rasi-na-kuchinja-08.jpg

Папилон

Ова дефинитивно е најмалата раса на листава, но не значи дека е помалку интелигентна.

Се верува дека оваа раса постои над седум века, а ова веројатно има голем удел во нејзината интелигенција.

Порано овие кучиња биле и вид статусен симбол кај богатите прво поради изгледот, но потоа и поради нивниот карактер.

Весели се, сакаат да си играат, а притоа брзо учат команди послушни се, но и многу лојални.

lesno-se-dresiraat-lojalni-se-koi-se-najinteligentnite-rasi-na-kuchinja-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бенгалски тигар, нилски коњ - Кои се најсмртоносните цицачи на Земјата? Некои цицачи имаат неверојатна сила и моќ, а човечката средба со нив може да бид...
Змија со две глави и уште 11 животни кои изгледаат нереално поради генетски мутации (фото) Сте виделе ли германски овчар со џуџест раст или маче со два носа? Сте виделе...
8 раси на кучиња погодни за повозрасни луѓе (повеќе сакаат да се релаксираат дома) Повеќето мали раси, како мопс и малтезер се идеални за повозрасни луѓе бидејќи н...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg