Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе?

Создадете му тивко и сигурно место

Домашните миленици секогаш треба да имаат тивко и безбедно место каде што ќе одат секогаш кога ќе треба да одморат, а ова ќе им биде особено важно штом ќе пристигне бебето.

Научете го вашето милениче да оди на место кое го прави да се чувствува безбедно и среќно - на пример, поставете му кревет во аголот на собата.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-12.jpg

Место за одмор и спиење

Пред да пристигне бебето, кучето треба да има постојано место на спиење. Ако имате намера нешто да промените, направете го тоа пред да дојде новиот член. На пример, ако кучето секоја вечер лежи со вас на каучот, имајте предвид дека тоа нема да биде изводливо кога ќе се роди бебето.

Затоа, направете ги сите промени однапред и погрижете се вашето крзнено пријателче да има навистина удобна алтернатива.

Не може одеднаш да се навикне да спие во кујната, без претходна подготовка. Затоа, преземајте ги сите работи, чекор по чекор, за полесно да се приспособи на промената.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-13.jpg

Здравјето е важно

Уверете се дека вашето куче е во добро физичко здравје. Исто така, уверете се дека нема болви и паразити, а секое сомневање за болест или развој на одредена состојба, треба да ги провери ветеринар, и тоа што е можно побргу откако ќе ви се јави сомнеж.

Секоја болка или иритација што ќе ја доживее кучето, ќе го намали нивниот праг за агресија. На пример, ако тоа чувствува болка, ќе биде помалку толерантно за играње со детето и поголема ќе биде веројатноста да ’ржи или да го загризе бебето.

На што треба да внимавате откако ќе се роди бебето?

Први чекори

Кога првпат ќе си дојдете дома од болница со новото бебе, вашето куче сигурно ќе биде многу возбудено. Најпрво, поздравете го без бебето, во случај да се возбуди и да скокне кон вас.

Подоцна, бебето треба да се стави во соба каде што вообичаено не е присутно кучето, на пример, не на места каде што спие или јаде.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-06.jpg

Пофалете го вашето куче

Кога ќе видите дека кучето е нежно и пријателски настроено кон бебето, во тие моменти пофалете го. Првата интеракција секако треба да биде под контрола, со тоа што бебето ќе биде во рацете на родителот и на кучето ќе му биде дозволено да го намириса. Тоа на почеток може да покаже заинтересираност, а потоа да изгуби интерес.

Кога ќе се повлече, треба да го пофалите. Продолжете со вообичаените дневни обврски и рутината, а не заборавајте полека да го вклучувате и кучето во вашето ново секојдневие.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-05.jpg

Хигиена

Кога имате милениче и бебе во домот, хигиената треба да ви биде на многу, многу високо ниво. Неопходно е кучето редовно да го третирате од црви и болви, користејќи производи препорачани од вашиот ветеринар.

Не оставајте валкани пелени на подот, бидејќи тие лесно може да предизвикаат кучето да мокри на тоа место. Исто така, кучето може да ја земе пелената и да ја гризе, така што мора да ја чувате во корпа со затворен капак и редовно да ја празнете.

По хранењето, чешлањето или играњето со вашето крзнено пријателче, задолжително користете антибактериски сапун за миење на вашите раце.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-14.jpg

Надзор

Никогаш не го ставајте бебето на подот со кучето, а во никој случај не ги оставајте сами без надзор, ниту една секунда. Ова важи за сите кучиња, дури и за оние кои се добро дресирани.

Што кога бебето малку ќе порасне?

Кога бебето малку ќе порасне и ќе почне само да ползи или да се движи, важно е да бидете многу внимателни. Обезбедете му на кучето безбедно место за одмор и релаксација, кое е недостапно за малото дете.

Ова ќе ја избегне ситуацијата кучето постојано да бие следено или удирано, при што нема да доведе до несакани последици.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-16.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg