Совети за нови родители со кучиња: Што да направите кога ќе добиете бебе?

Ако пак мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристигне новороденчето, тогаш неколку недели однапред променете му ја рутината. Имајте на ум дека ако кучето шета помалку, ќе треба да му обезбедите друг начин за да ја истроши енергијата. На што друго треба да обрнете внимание ако чувате куче, а планирате и да го проширите семејството?

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-01.jpg

Штом ќе дознаете дека бебето е на пат, вие и вашето семејство ќе почнете да се подготвувате за промените кои ви претстојат.

Но, исто така, за новото пристигнување треба да го подготвите и вашето милениче, бидејќи штом ќе пристигне бебето, ќе има промени во домашната средина и рутината.

Започнете со подготовките уште рано

Однапред навикнете го вашето милениче на промените, така што нема да забележи голема разлика кога ќе пристигне бебето. Не оставајте за последен момент, туку започнете барем четири месеци пред породувањето.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-0.jpg

На што да обрнете внимание пред да се роди бебето?

Звуци

За да го подготвите кучето за звуците што ги испуштаат бебињата, пуштете им звуци од силно плачење на бебе и тоа во кратки периоди во текот на денот.

На почетокот, звукот треба едвај да се слуша, така што постепено ќе ја зголемувате јачината додека се навикнува вашето милениче.

Важно е да внимавате кучето да биде мирно и опуштено пред да преминете на погласни звуци.

Нови мириси и предмети

Навикнете го кучето на детска пудра, шампони, сапуни и млеко, користејќи ги дома неколку недели пред да пристигне бебето.

Креветчиња, количка, душек, место за пресоблекување – сето ова треба да биде поставено во собата пред да пристигне бебето.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-03.jpg

Шетање

Добра идеја е да вежбате да го шетате кучето покрај количката пред да пристигне вашето бебе, бидејќи тоа ќе ви биде од помош и на двајцата – вашето куче на почеток може да биде нервозно поради тоа, па затоа бидете трпеливи.

Не го врзувајте за количката бидејќи ова може да биде навистина опасно. Исто така, погрижете се да имате неколку блиски личности на кои може да сметате дека би го шетале кучето додека вие имате премногу обврски околу бебето.

Ако, пак, мислите дека кучето ќе има пократки и поретки прошетки откако ќе пристигне новороденчето, тогаш неколку недели однапред променете му ја рутината. Имајте на ум дека ако кучето шета помалку, ќе треба да му обезбедите друг начин за да ја истроши енергијата. На кучињата на кои им е досадно не се среќни и може да бидат под стрес.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-10.jpg

Храна

Погрижете се вашето куче да може мирно да ги јаде вечерата и другите оброци, без страв дека ќе биде вознемирено или измачувано.

Научете го нежно да јаде од вашата рака, при што во иднина ќе може и понежно да се однесува со вашето малечко.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-07.jpg

Внимание

Се разбира, бебето ќе ви одзема многу време, ќе имате повеќе гости кои би сакале да го видат новороденчето, вклучувајќи ги пријателите и семејството, па помала е веројатноста дека би можеле да му го посветите истото внимание на вашето куче.

На некои кучиња оваа промена може да им биде тешка, особено ако поминуваат многу време со своите сопственици. Затоа, добра идеја е да им помогнете да се подготват на новата рутина што е можно порано.

Ако имате намера да го чувате кучето во друга соба кога ќе доаѓаат гости, тогаш однапред запознајте го со новата просторија, а постепено зголемувајте му го времето кое ќе треба да го поминува таму, така што ќе му стане активност која би ја очекувало.

Така, до моментот кога ќе пристигне вашето бебе, кучето веќе ќе биде навикнато на новата рутина, при што нема да биде вознемирено или збунето кога ќе треба да биде одвоено од вас.

Играчки

Играчките за кучиња и играчките за бебиња честопати се направени од слични материјали, а некои играчки дури и создаваат ист вид бучава, како свирење и крцкање. Затоа, не е изненадувачки тоа што некои кучиња се збунети околу тоа со кои играчки треба да си играат.

Па, пред да пристигне бебето, научете го кучето дека играта започнува тогаш кога вие ќе ги земете и ќе му ги подавате играчките. Така, понатаму полесно ќе ви биде да го научите кучето да ги игнорира играчките на бебето, бидејќи веќе научило дека играта се случува само кога вие ги нудите играчките.

Ако, пак, се случи кучето да ги земе играчките во иднина, тогаш избегнувајте прекумерно лутење, бидејќи со тоа само ќе го исплашите.

Подобро е да го научите да ги остава играчките уште пред да пристигне новиот член, користејќи позитивни методи на наградување.

pretstavuvanje-na-kucheto-pred-vasheto-bebe-shto-treba-da-napravite-pred-i-po-doagjanjeto-na-novorodencheto-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...
18 фото-докази дека животот без мачки би бил здодевен „Насадив цвеќе и намерно ја покрив саксијата за мачката да не го уништи, ама, из...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Раси на кучиња кои можат да бидат погодни за луѓе со алергии Секое куче може да предизвика симптоми на алергија, но постојат раси чие крзно н...
Лесно се дресираат, лојални се: Кои се најинтелигентните раси на кучиња? Кучињата од расата бордер коли се сметаат за најинтелигентни во светот, а на лис...
5-те најнепослушни раси според луѓе кои чуваат куче Во истражување спроведено од страна на Forbes, се покажало дека малите раси на к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg