Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветеринар?

Хранење на хрчакот

Исто како и луѓето, и хрчаците сакаат разновидна храна, а имајте на ум дека тие не сакаат да јадат остатоци и храната треба да им ја менувате секојдневно.

Од што треба да биде сочинета исхраната на хрчакот:

  • Пелети за хрчаци – 80% од нивната исхрана или ¾ од нивната чинија, секој ден
  • Зеленчук – 15%, вклучувајќи ги и лиснатите зеленчуци, секој ден
  • Овошје – 5% од нивната исхрана, 2 пати неделно
  • Останата храна – 5% од нивната исхрана, вклучувајќи трева или сено
  • Вода – сад со свежа и чиста вода треба да им биде постојано достапен

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-06_copy.jpg

Како да го одржувате здравјето на вашиот хрчак?

Грижата за хрчакот е прилично едноставна, иако, секако, бара дополнително време и трпение. За да се осигурате дека ќе имате здрав хрчак, обезбедете му правилна исхрана, одржувајте го хидриран, погрижете се да има доволно играчки за да вежба и да се забавува и одржувајте му го чист неговиот дом.

Добро би било уште при самото доаѓање на хрчакот во вашиот дом да биде прегледан од ветеринар, за да се осигурате дека немало проблеми во минатото. Потоа, доволно е прегледот да биде еднаш на годишно ниво. Секако, не треба да чекате доколку забележите нешто загрижувачко.

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-08.jpg

Однесете го хрчакот уште веднаш на ветеринар ако забележите:

  • Отечени очи
  • Отежнато дишење
  • Кивање, исцедок од очите, носот или устата
  • Обраснати предни заби
  • Оголени места во крзното
  • Рани на стапалата
  • Губење на тежина, не јаде ниту пие доволно
  • Дијареја

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-07.jpg

Слободно време и време за галење со вашиот хрчак

За подобро да се поврзете, а и да бидете сигурни дека хрчакот го добило потребното време за вежбање, важно е да му обезбедите доволно време за игра надвор од неговото живеалиште, и тоа секоја недела.

Добро би било да поставите мала затворена површина со многу играчки за тој да може да истражува. Не заборавајте секогаш да го надгледувате кога е надвор од живеалиштето.

Трпението, редовното хранење, многу време за игра надвор од живеалиштето, како и тивкото и нежно зборување, ќе ви помогнат да се поврзете со вашиот хрчак. Секогаш приоѓајте му полека и зборувајте му. Тој ќе научи да го препознава вашиот мирис и глас, па ќе ве гледа како извор на удобност.

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-03_copy.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com



Би можело да ве интересира:

Чување риба во кугла: Кои видови да ги избегнувате и на што да обрнете внимание? Куглата е одлично решение ако сакате да чувате риба, но немате простор или средс...
Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg