Совети за одгледување хрчак – Што јаде, колку често треба да си игра и кога да го однесете на ветеринар?

За среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете му го кафезот во близина на звуците од вашето семејство, но не и каде што има премногу врева. Тие ќе се утешат од секојдневните звуци кои ќе ги слушаат, но доколку има многу џагор, ќе бидат под стрес. Што друго треба да знаете за грижата за овие слатки животни?

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-01.jpg

За многумина, хрчаците претставуваат одлични домашни миленици. Тие не бараат многу внимание, доволно вежбаат трчајќи на нивното тркало, слатки се и пријатни за дружење, а одлични се и како миленичиња за деца. Но, иако грижата за нив не е тешка, сепак треба да имате основно разбирање за тоа како да го негувате хрчакот како домашно милениче.

Доколку сакате да чувате хрчак во вашиот дом, а сте почетници, тогаш во продолжение погледнете неколку основни совети за одгледување на ова домашно милениче кои веруваме дека ќе ви бидат од корист.

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-02.jpg

Каков треба да биде и каде да е поставен кафезот на вашиот хрчак?

Погрижете се доаѓањето на хрчакот во вашиот дом да биде пријатно и мирно. Имајте вода и сад за храна (доволно тежок за да не се преврти) кои ќе му ги понудите на хрчакот уште при самото пристигнување. Наполнете го кафезот со играчки – тркало или тунели за вежбање и играчки за џвакање.

Имајте на ум дека на вашето мало милениче ќе му треба безбеден дом во кој ќе се чувствува удобно и каде ќе може да истражува.

Ставете слама во која ќе може да копа и изберете шише за вода за хрчаци со вистинска големина (отприлика 180 милилитри) кое ќе биде отпорно на џвакање.

Како што е случај со многу мали животни, за среќен хрчак од особена важност е сместувањето. Ставете го кафезот во близина на звуците од вашето семејство, но не и каде што има премногу врева. Тие ќе се утешат од секојдневните звуци кои ќе ги слушаат, но доколку има многу џагор, ќе бидат под стрес.

Исто така, погрижете се живеалиштето на хрчакот да биде подалеку од отвори или прозорци со провев, за да нема нагли промени во температурата.

Кога ќе го донесете хрчакот дома, за него сè ќе биде ново. Затоа, дајте му време да се запознае со новиот простор, без да му биде одвлечено вниманието од вашиот дом. За таа цел може да ставите лесна и тенка крпа над нивниот дом, која слободно може да ја извадите тогаш кога ќе сакате да се галите.

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-04.jpg

Чистење на живеалиштето

Леглото на хрчакот треба да биде чисто и удобно, но сепак, не треба да создавате и непотребен стрес со тоа што ќе го чистите прекумерно.

Генерално, секојдневно треба да го чистите изметот, променете го леглото кога ќе има потреба, мијте им го садот за јадење еднаш неделно, водата менувајте им ја секојдневно, а секоја недела или секоја втора недела со благ сапун и вода исчистете го целото живеалиште на хрчакот.

odgleduvanje-hrchak-kade-da-go-postavite-negoviot-dom-kakva-da-bide-negovata-ishrana-i-drugi-korisni-soveti-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети за мачки и кучиња на кои повеќето штедат, но не треба Гребалка за мачка и преносен сад за вода за топлите летни денови – кои предмети ...
Македонка вдоми еж на ранчот во с. Ранковце: „На Велигден се родија 6 ежиња“ „Во куќата имам маче кое го вдомив пред околу 2 недели откако го најдов напуштен...
Дресер на кучиња открива кои раси никогаш не би ги вдомил – Непријатно мирисаат и не се пријателски ... „Мрсната кожа ги прави да мирисаат лошо, без разлика колку често се капат. Од ми...
Дритон од Скопје чува шкотска мачка: „Оби е многу кроток, но не сака луѓето да го задеваат“ „Оби е шкотска раса и има 6 години. Го донесов од Софија, Република Бугарија и о...
Кои раси на кучиња најчесто добиваат топлотен удар, според ветеринар? Расите со сплескана муцка како мопс потешко се разладуваат, па поради ова се пос...
Што да правите ако кучето ви уништува сè низ домот? Купете му играчки што може да ги гризе и смирено одвлечете му го вниманието кога...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg