Мил мој, ја сакаше слободата повеќе од мене, зошто ме бараш сега?

mil-moj-ja-sakashe-slobodata-povekje-od-mene-zoshto-me-barash-sega-01.jpg

Погледни го небото. Дали и ти го гледаш истото што и јас? Им даваш ли имиња на ѕвездите? Дали нив ги обвинуваш што си далеку од мене?

Не мил мој, тоа не е нивна вина. Сети се. Ти го посакуваше ова. Не ти бев доволна. Ја сакаше слободата повеќе од мене.

Успеа ли сега? Го доби ли тоа што очекуваше? Се надевам дека си среќен. Ако јас  ти бев пречката до среќата, мило ми е што замина.

Никогаш не сакав да ти ја скратам радоста. Туку јас бев уште посреќна ако те видев насмеан. Но, ти бараше повеќе. 

Зошто сега се каеш? Зошто ме бараш повторно? Нели немаше враќање назад? И моите солзи не ти значеа ништо. Во едно сум сигурна. Нема да ги предизвикаш никогаш повторно. Секој бунар има свое дно. И моите солзи пресушија за тебе.

Не барај ме. Не постои надеж да се вратам во минатото. Не сум истата јас. Не сме истите ние.

Зошто да почнеме нова приказна, кога веќе го знаеме крајот? Се надевав дека еден ден ќе се вратиш, и со нетрпение го чекав тој ден.

Но чекајќи, се сетив дека и јас постојам. Се пронајдов себеси, а твоето време истече. Некој одамна рекол „Не е иста среќата ако ја добиеш истата играчка на 7 и на 70 години“.Ти благодарам што ми помогна да го сфатам значењето на ова.

Секогаш кога ќе се сетиш на мене, не заборавај дека не се бореше. Секоја војна си бара свои жртви. Но нашата не беше доволно вредна за ти да се жртвуваш. Го направи својот избор, а сега не можеш да го вратиш времето. Не се обидувај повеќе.

Само, те молам, не ги обвинувај ѕвездите. Тие секогаш беа на наша страна. Но, ти си тој што не беше.

Автор: Д. Николовска

Доколку сакате да ни раскажете некој сегмент од вашето секојдневие, да споделите животен предизвик или радост, пишете ни тука!

Би можело да ве интересира:

„Језиво“ е колку стана „нормално“ сите во Скопје да се изневеруваат Не знам дали на редовна база движите доволно низ градов, но ако малку повеќе сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg