Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Морничаво: 4 луѓе кои биле закопани живи, но преживеале

По страшна сообраќајка, Анџело Хејс бил прогласен за мртов и погребан. Но, бидејќи осигурителна компанија побарала аутопсија, неговото тело било откопано и тогаш форензичарите сфатиле дека е жив, но во кома.

mornichavo-4-lugje-koi-bile-zakopani-zhivi-no-prezhiveale-01.jpg

Пред денешната технологија да ѝ биде достапна на медицината, доста често се случувало лекарите по грешка да прогласат некој за мртов.

Па, многу луѓе се нашле во ситуација да бидат закопани живи.

Ова се случувало толку често, што во дел од европските земји луѓето ставале ѕвонче над гробот, а ѕвончето било поврзано со раката на мртовецот.

Ако личноста била жива и се разбудела во ковчегот, со движењето ќе го заѕвонела ѕвончето, давајќи знак дека треба да ја откопаат.

4 луѓе кои биле закопани живи и преживеале:

Еси Данбар

Во 1915 година, Еси Данбар имала епилептичен напад поради што изгубила свест. Нејзиното семејство било сигурно дека е мртва, а тоа го потврдил и нејзиниот лекар.

Телото на 30-годишната Еси било ставено во ковчег и семејството почнало да се подготвува за погребот.

Бидејќи сестрата на Еси била во друг град, семејството се договорило малку да го одложи погребот.

Но, сестра ѝ се задржала по пат и сепак го испуштила закопувањето.

Гневна бидејќи немала можност за последен пат да ја види Еси, сестра ѝ наредила да го откопаат ковчегот и да го извадат телото.

И, со ова дефинитивно ѝ го спасила животот – штом го отвориле ковчегот, сите сфатиле дека Еси е жива.

mornichavo-4-lugje-koi-bile-zakopani-zhivi-no-prezhiveale-02.jpg

Филомел Џонетре

Филомел имала само 24 години кога се заразила со колера во 1867 година. По неколку денови, била прогласена за мртва и шест часа подоцна ја погребале.

Кога гробарите завршиле со закопувањето, тргнале кон дома, но почнале да слушаат тропање.

Штом сфатиле дека звуците доаѓаат од гробот на Филомел, веднаш го откопале гробот, ја извадиле и повикале лекар.

Дланките на девојката биле раскрвавени од обидите да се ослободи, а дишењето ѝ било многу слабо. Сепак, лекарот успеал да ја спаси и ја однел дома.

За жал, Филомел починала наредниот ден, најверојатно од колера.

mornichavo-4-lugje-koi-bile-zakopani-zhivi-no-prezhiveale-03.jpg

Анџело Хејс

Во 1937-ма, 19-годишниот Анџело Хејс доживеал несреќа со неговиот мотоцикл.

Тој силно удрил во ѕид и неговото лице било толку деформирано, што на неговите родители не им дозволиле да му го видат телото.

Бидејќи не забележале пулс, лекарите го прогласиле за мртов, а три дена подоцна, Анџело бил погребан.

За негова огромна среќа, осигурителна компанија побарала аутопсија, па два дена по погребот, Анџело бил откопан.

Штом го отвориле ковчегот, форензичарите забележале дека неговото тело уште е топло.

Имено, Анџело бил во кома, поради што потребата за кислород му се намалила, а токму поради ова преживеал два дена под земја.

По бројни операции и терапии, Анџело целосно закрепнал.

mornichavo-4-lugje-koi-bile-zakopani-zhivi-no-prezhiveale-04.jpg

Сифо Вилијам

Во 1993 година, 24-годишниот Сифо Вилијам од Јужна Африка доживеал сообраќајна несреќа со вереницата.

Вереницата преживеала, но Сифо бил сериозно повреден и набрзо бил прогласен за мртов.

Сифо не бил погребан, но два дена бил затворен во метална кутија во мртовечница во Јоханесбург.

Кога се разбудил, почнал да вика од страв и, за негова среќа, неколку вработени во мртовечницата го слушнале и веднаш го спасиле.

mornichavo-4-lugje-koi-bile-zakopani-zhivi-no-prezhiveale-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg