Го запознала на 17 години, двапати пробала да се самоубие за него – Факти за Ева Браун, партнерката на Адолф Хитлер
Хитлер толку добро ја криел врската со Ева Браун, што јавноста дознала дека биле пар дури по крајот на војната. Тие биле заедно повеќе од десет години, а се венчале речиси два дена пред да извршат двојно самоубиство.
Ева Браун била германски фотограф благодарение на кој светот имаше можност да ѕирне во приватниот живот на нацистите за време на Втората светска војна.
Но, за јавноста, таа е многу попозната како долгогодишната партнерка на Адолф Хитлер.
Ева Браун била родена во Минхен во 1912 година. Нејзините родители биле Фридрих и Фани, а имала една постара и една помлада сестра.
Родителите на Ева се развеле во 1921 година, но следната повторно се венчале, најверојатно од финансиски причини – тој период, Германија се соочувала со хиперинфлација.
Ева го запознала Адолф Хитлер кога имала само 17 години, а тој – 40.
Во 1929 година таа се вработила во фотографско студио. Сопственикот на студиото бил официјалниот фотограф на Хитлер и неговата нацистичка партија.
Најпрво Ева работела како асистентка, но со текот на времето научила да ракува со фотоапарат, па станал фотограф.
Таа го запознала Хитлер токму преку студиото, а според некои гласини, тој период Хитлер бил во врска со друга жена.
По самоубиството на другата жена во 1931-ва, Хитлер и Ева се зближиле.
И Ева пробала да изврши самоубиство во 1932 година, а некои историчари веруваат дека со ова сакала да му го привлече вниманието на Хитлер, по што тие ја почнале нивната врска.
Хитлер и Ева ја криеле врската од јавноста. Според некои историчари, криењето било од политички причини – Хитлер сметал дека е привлечен маж, па сакал да го користи тоа за да ја зајакне својата популарност кај жените.
Тој се претставувал како сингл маж и со тоа ги освојувал нивните симпатии (и гласови). Поради ова, тој не сакал ни да се венча со Ева.
Всушност, Хитлер толку добро ја криел врската, што јавноста дозна за неа дури по крајот на војната.
Очекувано, Ева била мизерна, па во 1935 година имала уште еден обид за самоубиство.
Според записите во нејзиниот дневник, таа немала добиено ни порака ни повик од Хитлер цели три месеци. Па, се предозирала со апчиња за спиење.
Ева преживеала, а Хитлер веднаш отишол да ја види. Ѝ се извинил и ѝ рекол дека ќе ѝ купи куќа.
Бидејќи била фотограф, Ева Браун честопати ја фотографирала и снимала нацистичката партија на Хитлер. Поради близината што ја имала со членовите на партијата, нејзините фотографии и видеа се можеби најинтимниот увид во животот на нацистите додека траела војната.
Дел од приватните снимки на Ева беа откриени дури во 1972 година и го покажуваат Хитлер во ново светло, наспроти ладнокрвниот диктатор што го гледале сите.
Од овие снимки станува јасно дека и Хитлер бил само човек, па неговата суровост изгледа уште пострашна.
Она што ги чуди сите во врска со Ева е како би можела да биде со човек како Хитлер.
Според изворите, таа не покажувала никаков интерес за политика, а не била ни член на нацистичката партија. Па, најверојатно, само го игнорирала она што го правел Хитлер.
Но, еднаш Ева сепак покажала интерес за работата на Хитлер – во 1943 година, кога било предложено да се забрани производството на козметика и луксузни работи во Германија.
Наводно, тогаш Ева го убедила Хитлер само привремено да го запре производството, а не и да го забрани.
Иако самата можеби не била нацист, историчарите сметаат дека Ева верувала во нивната идеологија дека жените немаат место во власта бидејќи тие се домаќинки, а мажите се лидери.
Можеби Хитлер бил мошне лош партнер, но Ева инсистирала да биде покрај него до самиот крај.
Во 1945 година, кога Берлин бил опкружен, Хитлер и Ева заедно се скриле во бункерот во кој подоцна ќе умрат.
Како што противниците на Хитлер напредувале, тој конечно се согласил да се венча со неа.
Церемонијата била одржана во бункерот, ноќта помеѓу 28 и 29 април.
Следниот ден, на 30-ти април, другите луѓе во бункерот слушнале истрел и ги нашле безживотните тела на Хитлер и Ева.
Ева испила таблета со цијанид, а Хитлер се застрелал во главата.
Нивните тела биле изнесени надвор и запалени.
Спирова С. | Црнобело