Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Бејби бумерите“ можеле да купат куќа и автомобил од една плата, а милениумците не можат да си дозволат ни одмор – факти за генерациите

Ако во младоста „бејби бумерите“ (1946-1964) од работничката класа можеле да си дозволат да купат и куќа или автомобил, милениумците на истите години тешко заработуваат и за одмор, а пак генерацијата Z живее во скапо време без емпатија. На која генерација припаѓате вие и по што се разликуваат сите? 

bejbi-bumerite-mozat-da-kupat-kukja-i-avtomobil-od-edna-plata-a-mileniumcite-ne-mozat-da-si-dozvolat-ni-odmor-fakti-za-generaciite-01.jpg

Родените во '60-тите и родените во '90-тите „живеат“ во различно време, размислуваат поинаку и имаат различни можности. Но, зошто е тоа така?

Често знаеме да дојдеме до недоразбирање со постарите и помладите генерации, но постои одлично објаснување и за тоа.

Споредувањето со нашите родители и со нашите деца е најчесто неосновано затоа што сите „живееме“ во различно време.

На која генерација припаѓате вие?

„Бејби бумери“ (1946-1964)

Оваа генерација (baby boomers) припаѓа на периодот по Втората светска војна, кога се зголемил процентот на раѓање деца.

Нивните најголеми карактеристики се работливоста, дисциплината и почитувањето на семејните вредности.

Убавината на оваа генерација е што, во младоста, кога сакале да формираат семејство, со нивните плати можеле да си купат куќа, автомобил, да изгледаат деца и да одат на одмор.

Иако можностите како денес тогаш ги немало, сепак било поевтино и нивните пари „вределе“.

bejbi-bumerite-mozat-da-kupat-kukja-i-avtomobil-od-edna-plata-a-mileniumcite-ne-mozat-da-si-dozvolat-ni-odmor-fakti-za-generaciite-02.jpg

Генерација Х (1965-1980)

Родените во овој период, или нарекувани „џен Икс“ (gen X) се првите кои се сретнуваат со новата технологија (компјутери) и кои почнале да стануваат бизнисмени градејќи кариери, за разлика од „бејби бумерите“ кои се најмногу работничка класа.

Својата младост ја поминале со квалитетна музика, концерти и диско, без да бидат попречени од мобилните телефони и социјалните мрежи како денес.

bejbi-bumerite-mozat-da-kupat-kukja-i-avtomobil-od-edna-plata-a-mileniumcite-ne-mozat-da-si-dozvolat-ni-odmor-fakti-za-generaciite-03.jpg

Милениумци (1981-1996)

Милениумците се генерацијата која е средината меѓу „стариот“ и „новиот“ свет судејќи според технологијата.

Имаат пораснато во осумдесеттите и деведесеттите кога уште „се играло надвор“, ги измислиле социјалните мрежи и сите оние „паметни“ изуми од новиот милениум.

Како возрасни, припаѓаат на денешницата каде животот е многу поскап, има огромна разлика во плати и можеш да бидеш и премногу сиромашен и премногу богат.

Најчесто нивните родители се „бејби бумерите“ и двете генерации се соочуваат со многу големи разлики во статусот.

bejbi-bumerite-mozat-da-kupat-kukja-i-avtomobil-od-edna-plata-a-mileniumcite-ne-mozat-da-si-dozvolat-ni-odmor-fakti-za-generaciite-04.jpg

Генерација Z (1997-2012)

Најмалата група се веќе пораснати со технологијата и со новитетите во светот како поскапувањето, конкуренцијата, брзиот стил на живот и мобилните телефони.

Оваа генерација, која денес се во раните дваесетти години или тинејџери, има голема разлика во однесувањето од сите претходни генерации и се мисли дека имаат помала емпатија, полошо образование и помали семејни вредности.

Пораснати се во сосема модерно време и многу од нив, некои работи не знаат ни како функционираат, како фиксниот телефон со вртење бројки.

Впрочем, секоја генерација може да научи многу и од постарите и од помладите и покрај големите општествени разлики – помладите да научат како се почитувало порано, а постарите да научат како да отворат нова апликација на телефонот.

bejbi-bumerite-mozat-da-kupat-kukja-i-avtomobil-od-edna-plata-a-mileniumcite-ne-mozat-da-si-dozvolat-ni-odmor-fakti-za-generaciite-05.jpg

М. Л. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Хотел „Европа“ во Отешево и уште 8 морничави напуштени места во светот Хотелот „Европа“ во Отешево некогаш бил преполн со гости, со детски џагор, со мн...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg