7 тајни кои авионските компании нема да ви ги откријат
Тројца американски пилоти ги откриле фактите кои авионските компаниите најчесто ги кријат од своите патници. Погледнете што сè не сте...
...знаеле за летањето со авион.
1. И пилотите мора да користат тоалет
Пилотите се луѓе како и сите други, што значи дека понекогаш им е потребна пауза. Кога имаат повик од природата, тие користат ист тоалет како и другите патници, со тоа што претходно мора да ги известат стјуардесите.
„Во една прилика, мојот колега по грешка го стисна копчето за разглас, така што сите патници слушнаа кога праша дали смееме да одиме по нужда“, вели пилотот.
2. Најдобрите места се блиску до крилата
Ако при летањето ви се лоши, најдобро е да седнете блиску до крилата. Предниот и задниот дел најмногу се поместуваат, па тие придвижувања само ќе ви ја влошат состојбата. Во случај седиштата на средина да бидат зафатени, подобро седнете блиску до пилотската кабина, затоа што опашката се мрда повеќе од предниот дел.
3. Турбуленцијата може да биде опасна
Кога стјуардесите ќе ве замолат да го врзете ременот, бидете сигурни дека не се работи за шега. „Иако турбуленцијата не е опасна за самото летало, може да биде опасна за луѓето во неа“, објаснува пилотот. Според неговите зборови, имало инциденти во кои луѓето „летале“ по авионот и паѓале на под, со сериозни повреди. Затоа послушајте ги инструкциите и врзете се.
4. Авионските патеки имаат смешни имиња
Движејќи се по небото, авионите следат невидливи патеки за без грешка да стигнат до саканата дестинација. На небото постојат стотици виртуелни точки кои на пилотите им служат како ориентација, а секоја од нив има посебно име. Некои од точките над американското небо имаат имиња како TRUMP, PYRUT, SPICY и BARBQ.
5. Не е докажано дека мобилните телефони го попречуваат летот
„Иако одамна постојат приказни за тоа дека мобилните телефони им пречат на инструментите, тоа всушност никогаш не е докажано“, објаснува пилотот. Со напредокот на технологијата и авионите ширум светот прават измени така што може без проблем да се користат мобилните телефони и компјутерите.
6. Романсите меѓу персоналот не се реткост
Според пилотите, праксата најчесто е таква да персоналот на авионот спие во ист хотел, па не ретко така се раѓаат нови романси. „Пред неколку години сопругата на еден од колегите барала нејзиниот маж да биде сместен во друг хотел, за да не биде во близина на стјуардесите“, раскажува еден од пилотите.
7. Американските пилоти смеат да чуваат пиштол во кабината
Поради зачестените терористички напади, американските пилоти пред да влезат во авион се испраќаат на посебна обука, која вклучува и курс за самоодбрана и техника за разоружување на напаѓачот. Секој пилот кој успешно ќе го совлада споменатата програма добива дозвола во кабината да чува пиштол.