10 работи кои не треба да ги правите на аеродром пред патување (и зошто)
Не пијте седативи пред летот (освен ако не ви се препишани од лекар), не претерувајте со алкохол и немојте да ставате силен парфем кој може да им пречи на другите патници.
Патувањето со авион е подостапно од кога било и повеќето почесто избираат да летаат наместо да одат со автобус или автомобил.
Но, бидејќи летањето стана норма, не значи дека треба да заборавиме некои (бон-тон) правила.
Работи кои не треба да ги правите на аеродром пред патувањето:
Немојте да доцните
Препорачливо е да бидете на аеродромот барем два часа пред вашиот лет.
Не заборавајте дека безбедносната и проверката на пасоши може да потрае, а ако станува збор за поголем аеродром, треба да имате време да се снајдете.
Немојте да користите силен парфем
Најдобро избегнувајте да користите парфем кога летате со авион. Доволно е да се истуширате и да ставите антиперспирант.
Интензивниот парфем може да им пречи на другите патници, но и вам кога ќе полетате.
Не ги застанувајте пилотите на аеродромот
Неретко пилотите имаат малку време помеѓу два лета, па не би требало да ги застанувате ако ги видите на аеродромот.
Немојте ни да ги прашувате нив за насоки ако сте изгубени бидејќи тие не можат да го знаат распоредот на секој аеродром на којшто слетуваат.
Ако сте изгубени, подобро побарајте шалтер за информации или прашајте некој од обезбедувањето.
Не пијте седативи
Некои луѓе мислат дека ако се напијат седатив, ќе можат да заспијат за време на летот и патувањето ќе им биде полесно.
Најпрво, не е препорачливо да пиете седативи освен ако не ви се препишани од лекар.
Ако испиете седатив, а не ви е препишан, на аеродромот и за време на летот може да се чувствувате уште полошо и без енергија.
Не претерувајте со алкохол
Во ред е да се опуштите со една пијачка пред летот, но не претерувајте бидејќи ќе си го направите патувањето мошне лошо.
За краток период, алкохолот можеби ќе ве опушти, но кога авионот ќе полета, побрзо ќе дехидрирате и ќе се чувствувате ужасно.
Поради промената на воздушниот притисок, најверојатно ќе се соочите и со главоболка.