10 работи кои не треба да ги правите на аеродром пред патување (и зошто)
Осигурете се дека сте си ги собрале сите работи по безбедносната проверка
Можеби мислите дека сте доволно внимателни и вам нема да ви се случи да заборавите нешто, но луѓето многу често забораваат предмети по безбедносната проверка, некогаш и вредни работи, како лаптоп.
По проверката, тргнете се настрана (каде што ќе ве насочат вработените) и внимателно проверете дали сте зеле сè, особено работи како пасош, картички, паричник, телефон…
Не спијте на аеродромот
Ако сте сами и до летот имате само неколку часа, најдобро немојте да спиете бидејќи ризикувате да го испуштите летот.
Бидете трпеливи кога чекате за багажот
Чекањето на куферот на подвижната лента може да потрае, но бидете трпеливи и имајте ги предвид другите луѓе.
Немојте да се туркате и да правите хаос – лентата се движи бавно и сигурно нема да го испуштите вашиот куфер.
Не фотографирајте други луѓе без дозвола
Нормално е да сакате да си направите фотка од аеродромот пред патувањето, но потрудете се да не фотографирате други луѓе.
Најпрво, не е учтиво, а покрај тоа, не можете да знаете како ќе изреагира некој ако забележи дека го фаќате во кадар.
Не трошете многу време во пиење кафе и слично
Кога ќе стигнете на аеродромот, чекирајте ја картата доколку треба и ако имате време додека да почнат безбедносните проверки, дури тогаш седнете на кафе и слично.
Не чекајте да ги направите приоритетните работи до последен момент бидејќи пилотот нема да ве чека вам да си го допиете кафето или да завршите со шопинг.
Спирова С. | Црнобело