Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Убила стотици млади девојки, се капела во нивната крв - која била грофицата Елизабет Батори од Унгарија?

Елизабет Батори е позната како најголемиот сериски убиец на сите времиња, обвинета за убиство на стотици млади жени во нејзиниот раскошен замок - ги мачела на снег истурајќи ладна вода врз нив додека телата не станат безживотни. Легендата вели дека таа верувала дека капењето во девствена крв ќе ѝ даде вечна младост. Што друго знаеме за Елизабет и нејзините злодела, но и дали навистина се случиле?

bila-pouzhasna-odmitskiot-grof-drakula-tetka-i-ja-nauchila-se-za-sadomahizmot-koja-bila-groficata-elizabet-batori-od-transilvanija-01.jpg

Елизабет била родена во едно од најстарите и најбогатите семејства во Унгарија.

Меѓу нејзиното семејство имало моќни ликови: кардинал, неколку принцови и братучед кој бил премиер на Унгарија.

Исто така, има и некои поуникатни, како што се вујко ѝ кој го возвишувал сатаната, тетка бисексуалец по име Карла и постар брат зависник од алкохол.

bila-pouzhasna-odmitskiot-grof-drakula-tetka-i-ja-nauchila-se-za-sadomahizmot-koja-bila-groficata-elizabet-batori-od-transilvanija-01.png

Елизабет била интелигентна девојка и се интересирала за политика, наука и уметност, а зборувала и четири јазици. Но, на возраст од 4 години, грофицата веќе страдала од напади на интензивен бес.

Познато е и дека како дете била сведок на тортури извршени врз селани кои случајно живееле во близина на семејниот дом Батори.

Наводно, соработниците на нејзиниот татко ги правеле овие сурови дела, а голем број други членови на семејството исто така не биле добри примери.

Нејзината тетка Карла наводно ја научила сè што требало да знае за садомазохизмот, додека нејзиниот вујко ја научил многу работи за сатанизмот.

bila-pouzhasna-odmitskiot-grof-drakula-tetka-i-ja-nauchila-se-za-sadomahizmot-koja-bila-groficata-elizabet-batori-od-transilvanija-02.png

На 11 години, таа се верила за Ференц Надажди, син од аристократско унгарско семејство. Една година подоцна, таа почнала да живее во неговиот замок Čachtice.

Но, на 13 години, Елизабет останала бремена од еден од слугите, поради што била тајно затворена во оддалечена тврдина каде што го родила нивниот син.

По породувањето, нејзиното дете го испратиле надвор од државата, а две години подоцна таа се омажила за својот вереник, односно грофот Ференц.

Сето тоа послужило како основа за Елизабет еден ден да стане садистички сериски убиец. Веројатно и еден од најбогатите такви убијци во историјата.

Елизабет почнала да ги изведува грозоморните убиства во границите на замокот каде што живеела со нејзиниот сопруг.

Според гласините, по желбите на неговата Елизабет, грофот Ференц изградил посебна ќелија за мачење во замокот.

bila-pouzhasna-odmitskiot-grof-drakula-tetka-i-ja-nauchila-se-za-sadomahizmot-koja-bila-groficata-elizabet-batori-od-transilvanija-04.png

Еден од методите што ги користела во зимските денови за да ги мачи своите помошнички е што ги терала да одат голи на снегот. Таа истурала кофи со ладна вода врз нив и чекала додека нивните тела не станат безживотни откако ќе бидат претворени во мраз.

Во потоплите денови, Батори ги премачкувала несреќните девојки со мед, а потоа ги оставала на пчелите и другите гладни инсекти надвор.

Се вели дека нејзиниот сопруг учествувал во овие мачења, но кога починал, локална вештерка по име Дорота започнала да работи со Елизабет, па двете заедно излегувале во лов на други девојки надвор од замокот.

Понекогаш, Батори консумирала парчиња месо од телата на нејзините несреќни жртви, а наводно и се капела во нивната крв.

Таа верувала дека нивните месо и крв ѝ даваат сила, подобрувајќи ѝ го целокупното здравје.

Болното однесување на Батори долго време било игнорирано, бидејќи нејзините роднини биле тие што раководеле со локалните судови и совети.

bila-pouzhasna-odmitskiot-grof-drakula-tetka-i-ja-nauchila-se-za-sadomahizmot-koja-bila-groficata-elizabet-batori-od-transilvanija-03.png

Таа станала добро позната помеѓу локалното население по она што го правела во нејзиниот замок сè додека конечно, околу 1609 година, кралот Матеја не ставил крај на ова лудило.

Батори била затворена во темна соба без прозорци во нејзиниот замок. Во собата била и нејзината смртна постела каде во 1614 било пронајдено нејзиното безживотно тело.

Иако морничавите приказни за Елизабет Батори веќе се дел од унгарскиот фолклор, некои историчари дебатираат дали се потполно вистинити.

На пример, некои сметаат дека во периодот кога била осудена, семејството на Елизабет претставувало закана за соседните кралства поради неговото влијание.

Па, постои барем мала веројатност дека приказните се измислени со цел да се уништи репутацијата на семејството, а со тоа и неговото влијание.

Без разлика што е вистина, а што не, Елизабет Батори ќе остане запомнета како „крвавата грофица“ и ќе остане дел од народните прикази во Унгарија. 

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg